Портал:Религија/Избрана личност/2010/февруари
Ѕанабаѕар (1635 — 1723) — првиот монголски Богдо-геген, владетел на Халха во Надворешна Монголија, будистички религиозен водач и вајар.
За образованието на Ундур-геген, ламите ангажирале тибетски учители. Така, Далај лама го ипратил Џамбалин-номун-хана, а Панчен лама Бенса-хутукту Лубсанданзана. За него била организирана и номадската резиденција Их Хуре, којашто станала монголска престолнина. Кога имал 13 години, Ундур-геген го основал манастирот Западно хуре. На 15 годишна возраст се преселил во Ласа, каде му се посветил на Панчен лама и бил прогласен за Далај лама, како реинкарнација на Џебзун Дамба, со што добил свилен балдахин и печати. Прочитајте повеќе