Портал:Религија/Избрана личност/2010/април
Конфуциј (551 — 479 п.н.е.) — прочуен кинески философ, основач на религијата конфуцијанство. Фунг Ју-лан за него ќе рече дека тој е првиот човек кој развил вистински систем на мислење. Конфуциј е светски познат по својата доктрина во која основна црта е жен (хуманоста). Роден е во Чифу, во тогашната држава Лу.
Наспроти медитативниот Лао Це и таоистичката философија за тоа дека „создавачката сила влегува во светот низ вратата на ништото“, Конфуциј отвора на позитивна работа и здрав разум. Најважните извори на неговата наука се Зборови и мисли на Лун-ји, Златна средина, Возвишена наука итн. Во својата длабока старост тој собрал голем број на народни песни и ги објавил под насловот Ши-кинг. Прочитајте повеќе