Знаме на Нов Зеланд
Знаме на Нов Зеланд
Грб на Нов Зеланд
Грб на Нов Зеланд
Местоположба на картата на светот

Нов Зеланд (маорски: Aotearoa) е земја која се состоиу од два големи острова и многу помали острови на југозападниот Тихи Океан (Пацифик). Меѓу јужнопацифичките земји, Нов Зеланд има најголемо и најразвиено стопанство и по население е помала само од Папуа Нова Гвинеја. Нов Зеланд е познат по неговата изолираност, одвоен од Австралија на северозапад со Тасмановото Море, кое е широко околу 2,000 км. Најблиските соседи на север се Нова Каледонија, Фиџи и Тонга.

Најзиното Величество, Елизабета II на Нов Зеланд е кралица на Нов Зеланд и во земјата неја ја претставува назначен Генерален гувернер. Де факто политичка власт има премиерот Хелен Кларк која, како шеф на владата, подлежи на довербата на демократски избран Парламентот на Нов Зеланд. Во рамките на Кралството Нов Зеланд спаѓаат самоуправните земји Кукови Острови и Ниуе, како и несамостојните територии Токелау и новозеландскиот дел од Антарктикот.