Портал:Ислам/Вовед
Ислам (арап. ⓘ, поточно: [ɪs.ˈlæːm] — значи: „потчинување“, „предавање“, „покорување“ [кон Бога]) е монотеистичка религија, која се вбројува во Аврамските религии и е втора религија по распространетост во светот. Следбениците на оваа религија се нарекуваат муслимани. Муслиманите веруваат дека Бог ја предал својата боженствена реч во облик на откровенија преку разни пророци и дека Мухамед бил последниот Божји пророк. Исламот најдобро се дефинира според Коранот кој за муслиманите е безгрешна реч предадена од Алах на Мухамед. Според исламските научници исламот се дефинира како систем на закони и распореди за олеснување на човечкиот живот и прифаќање на Господ како создавач. Прочитајте повеќе