Портал:Архитектура/Избрана градба/2009/април
Нојшванштајн — замок изграден во XIX век на стрмен рид близу Хоеншвангау и Фисен во југозападна Баварија во Германија. Негов нарачател бил кралот на Баварија Лудвиг II кој го користел како своевидно засолниште, обогатено со елементи кои му оддаваат почит на композиторот Рихард Вагнер, кој претставувал инспирација за кралот. Иако на јавноста не ѝ е дозволено да ја фотографира внатрешноста, овој замок е најфотографираниот објект во Германија и една од најпопуларните туристички дестинации.
Лудвиг не примал посетители во неговите замоци, но по неговата смрт во 1886 замокот бил отворен за јавноста (делумно за да можат да се отплатат долговите off the debts Ludwig incurred financing its construction). Оттогаш до денес замокот го посетиле над 50 милиони луѓе. Прочитајте повеќе