Портал:Архитектура/Избрана градба/2008/декември
Забранет град — царска палата за време на династиите Минг и Чинг. Сместена е во центарот на стариот град Пекинг. Денес е познат како музеј-палата (кинески: 故宫博物院, пин-јин: Gùgōng Bówùyùan), и комплексот зафаќа површина од 720,000 m², 800 објекти со 8.000 простории. Како таков, тој според УНЕСКО важи за најголемата збирка на зачувани стари дрвени градби во светот, и бил прогласен за Светско наследство во 1987 како „Царска палата на династиите Минг и Чинг“. Дворецот се наоѓа северно во непосредна близина на плоштадот Тјананмен и во него може да се влезе преку портата Тјананмен. Неговото опкружување се нарекува Царски град.
Иако во него повеќе не живее царското семејство, Забранетиот град е симбол на кинеската државност и сликата на главната порта стои на амблемот на НР Кина. Музејот во него е една од најголемите туристички атракции во светот. Во последно време се одвиваат многу реновации кои го имаат ограничено пристапот на неколку внатрешни дворишта и градини. Прочитајте повеќе