Поп Киро и поп Спиро (опера)

Поп Киро и поп Спиро — комична опера во два дела на српскиот композитор и професор Дејан Деспиќ (оп. 220), создадена во периодот 2009-2011 година. Заснована на анегдота за која Стеван Сремац слушнал од неговиот вујко, Јован Ѓорѓевиќ, првиот менаџер на Српскиот народен театар, а подоцна го разработил во истоимениот роман.[1] Премиерата била на 28 март 2018 година, на сцената на „Јован Ѓорѓевиќ“ во Српскиот народен театар, на Денот на овој театар. Либретото го напишале: Весна и Дејан Миладиновиќ.

Ликови уреди

Поп Киро, тенор буфон

Перса, неговата сопруга, алт

Меланија, нивната ќерка, лирски сопран

Перо, селски учител, лирски тенор

Ерза, нивната слугинка, мецосопран

Поп Спиро, бас буфон

Сида, неговата сопруга, сопран спинто

Јула, нивната ќерка, мецосопран

Шаца, селскиот бербер, лирски баритон

Жужа, нивната слугинка, без зборови

Фрау Габриела, селска озборувачка, колоратурни сопран

Пера Тоцилов, селски кочијаш, тенор

Поп Бура, пријател на Спиро, бас

Владиката темишварски, баритон

Ниќа боктер, селски полицаец, бас баритон

Рокса, домаќинка кај поп Бура, без зборови

Деца, баби, девојки, свирка, сватови, „бундевачи“ ...

Учесници: хорот и оркестарот на операта

Време и место на дејството уреди

Дејството се случува во село во Банат, во тоа прекрасно, дамнешно време…

Од либретото уреди

Застани на тиква и го гледаш целиот свет.

Во едно богато банатско село пристигнува нов учител, а Пера Тоцилов, кочијаш, и Ниќа, селски полицаец, го довезуваат во кочија. Се собрале, се разбира, и старите и младите / со задоволство го дочекуваат новиот учител. Мештаните се побожни и сложни, имаат два попа, Киро и Спиро, кои одлично се сложуваат. Нивните две ќерки, Меланија и Јула, се добри пријателки и добро се воспитани. Оваа селска идила повремено ја нарушуваат попадиите, Перса и Сида, со нивните зајадливи забелешки на сметка на другата, но не подалеку од тоа која подготвила подобар ручек, или која воспоставила подобар ред во „виртшафтот“.

Пристигнувањето на учителот Перо, ерген и добра прилика, ќе ја разгори зависта кај попадиите. Попот Спиро и попадијата Сида ја имале честа први да бидат домаќини на учителот, но на гости „случајно“ им дошле и сите Кировци.

Така важен ручек не можел да помине ниту без селската озборувачка Габриела. Двете Попадија си ги фалеле своите ќерки за да ги придобијат симпатиите на учителот. По обилниот ручек кај Спировци, веднаш следела покана за ужина кај Кировци.

Меланија знаела околу него умилно да се однесува; свири на клавир, пее, деновите ги поминува читајќи. Заради тоа Сида е многу љубоморна, бидејќи нејзината Јула не е толку вешта.

Но, на Јула не ѝ било гајле за учителот. Помеѓу Персе и Сида настанала кавга, а Габриела побрзала да го извести целото село за настаните.

Срцето на Јулија му припаѓа на Шаци, селскиот бербер. Се гледале преку плотот, секоја вечер минувал низ нејзината уличка и ѝ свирел под прозорецот: Со песна ноќва ѝ порачувам на Јулка / мојот прстен ќе го носиш на рака! Сида не можела да се помири дека Кировци „го зграбиле учителот во своите канџи“, па односите меѓу попадиите се заостриле. Огорчените попадии сешто им раскажале на нивните мажи. Тие се сретнале да разговараат, па на крајот дошло до тепачка. Габриела веќе ја шири веста во селото. Поп Спиро го гаѓал поп Киро со требникот и му скршил заб.

Киро не е злопамтило, но Перса сакала одмазда, па го натерала да сочува забот како доказ дека е жртва и да го тужи Спиро кај владиката. Со Перо Тоцилов било договорено и двајцата попови да отпатуваат за Темишвар со кочија брза како „ајзлибан“, па застанале да преноќат кај поп Бура.

Понаклонет на Спиро, поп Бура му помогнал да го замени забот така што го опил Киро, па наместо вистинскиот, во снопчето ставиле голем коњски заб. Кога Киро се разбудил, мамурен, не забележал ништо чудно.

Пред владиката темишварски Киро излегол самоуверено и го покажал „corpus delicti“, што предизвикало општа смеа. Владиката достоинствено ја прекинал шегата, па двата попа, помирувајќи ги и благословувајќи ги ги испратил. По враќањето дома, поповите ја носат веста. Перса е лута затоа што не ѝ се допаѓаат веста, додека Сида е среќна. Наскоро просците пристигнуваат во поповите куќида бараат благослов.

Приказната е сѐ поблиску до среќниот крај, цело село пристигнува на две свадби! Перо се жени со Меланија, Шаца се жени со Јула, поповите си простуваат за тепачката, попадиите се помируваат и двете свадбени веселби се спојуваат.

Описот е целосно преземен од веб-страницата на СНП (За делото) [2]

Траење на операта уреди

Операта се состои од два чина и со една пауза трае 2 часа и 10 минути.

Наводи уреди

  1. „Petar Terzić – Stevan Sremac – „Senćanin" - drugo dopunjeno izdanje – Govor prof dr. Božidara Kovačeka“. www.petarterzic.in.rs. Архивирано од изворникот на 24. 02. 2018. Посетено на 2019-06-20. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  2. „ПОП ЋИРА И ПОП СПИРА | Српско народно позориште“. www.snp.org.rs. Посетено на 2019-06-23.

Надворешни врски уреди