Попевка за Свилоевиќ
Попевка за Свилоевиќ (српско-хрватски: Popevka od Svilojevića) - јуначка епска народна песна (бугарштица).
Содржина
уредиДевојката ја прашува месечината, дали во Цариград го видела нејзиниот свршеник Свилоевиќ за кого не знае дали е жив. Месечината ѝ раскажува за судбината на Свилоевиќ: Него го повикал царот и го прашал кој е јунакот кој со боздгоган ја победил целата турска војска, а Свилоевиќ одговорил дека тоа го направил Крале Марко; го прашал кој е јунакот кој со копје ја победил целата турска војска, а Свилоевиќ одговорил дека тоа го направил Секула; најпосле, го прашал кој е јунакот кој со сабја ја победил целата турска војска при што дошол до царскиот шатор и за малку ќе го убиле царот, а Свилоевиќ одговорил дека тој тоа го направил тоа. Тогаш, царот го прашал со каква смрт сака да погине, а Свилоевиќ побарал да го качат на коњ, со врзани раце, но да му ја остават сабјата крај него. Потоа, него го однеле на погубување во придружба на 300 јаничари, кои му ги одврзале рацете, мислејќи дека тој сам не може да им се спротивстави. Меѓутоа, младиот јунак ги убил сите јаничари, а оставил само еден за да го извести царот.[1]
Осврт кон песната
уреди„Попевката за Свилоевиќ“ се одликува со посебна стилска рамка: девојката разговара со месечината, а оваа надворешна рамка е преземена од митолошките песни, но е приспособена со голем вкус и со мерка, така што оваа поетска постапка делува како да е оригинална. Втората, внатрешна, рамка е приказната на месечината за разговорот меѓу царот и јунакот Свилоевиќ. Притоа, од композициска гледна точка, целата песна претставува дијалог во дијалог. Така, месечината се колне дека ќе ја кажува вистината, а таква заклетва му дава и Свилоевиќ на царот. Потоа, се јавува уште една таква симетрија: трите прашања и трите одговори за трите јунаци, кои се повторени двапати, при што симетричноста ја истакнува целината на песната.[2]