Понтал
Понтал, познат и како Рекрејо дос Бандејрантеш или само како Рекрејо — мал полуостров и плажа во населбата Рекрејо, во западниот дел на Рио де Жанеиро, Бразил,[1] кој привремено се користел за одржување на атлетските натпревари во брзо одење и велосипедската хронометарска трка на Летните олимписки игри 2016.[2][3]
Летни олимписки игри 2016
уредиВелосипедските хронометарски трки во машка и женска конкуренција на Летните олимписки игри 2016 се одржале на 10 август на патеката Грумари во должина од 29,8 км. Почетната точка на трката бил плоштадот Тим Маја (Понталски Пат), потоа трката продолжила на патеката Грумари пред да се стигне до првото искачување по 9,7 км и второто искачување по 19,2 км, а завршната точка била кај Ав Луција Коста во Понтал.[4]
- Хронометар за мажи: 54,5 км (2 круга);[5] и
- Хронометар за жени: 29,8 км (1 круг).[6]
Патеката во должина од 24,8 км исто така се користела и за друмските трки.
- Друмска трка за мажи: 99,2 км од 241,5 км (4 круга);[7] и
- Друмска трка за жени: 49,6 км од 141 км (2 круга).[8]
Патеката за атлетските трки во брзо одење на 20 км и 50 км започнале и завршиле кај Ав Луцио Коста. Натпреварите на 20 км се одржале на кружна патека во должина од околу 1 км околу Ав Луцио Коста и Понталскиот Пат меѓу пресечните точки на улиците Прожектада (запад) и Хелио де Брито (исток). Патеката на 50 км претставувала продолжување на онаа на 20 км за дополнителен 1 км до пресечната точка на Понталскиот Пат и улицата Жералдо Иринео Жофили (запад).[9]
- Трка на 50 км: 2 км (25 круга); и
- Трките на 20 км на мажи/жени: 1 км (20 круга).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „18400 Av Lucio Costa, RJ, Brazil: Interactive Google Street View photo and map of Avenida Lucio Costa at Pontal, Angra dos Reis, Rio de Janeiro, Brasi“. Geographic.org/streetview. Архивирано од изворникот на 2016-09-04. Посетено на 4 август 2016.
- ↑ Olympic Games Facilities: Barra Region Архивирано на 20 август 2016.
- ↑ Rio de Janeiro Olympic venues mapАрхивирано на 17 март 2016.
- ↑ 2016 Rio Olympics road cycling courses confirmed
- ↑ „Rio 2016 Road Cycling - Men's Time Trial“ (PDF). UCI.ch. Посетено на 21 април 2016.
- ↑ „Rio 2016 Road Cycling - Women's Time Trial“ (PDF). UCI.ch. Посетено на 21 април 2016.
- ↑ „Rio 2016 Road Cycling - Men's Road Race“ (PDF). UCI.ch. Посетено на 21 април 2016.
- ↑ „Rio 2016 Road Cycling - Women's Road Race“ (PDF). UCI.ch. Посетено на 21 април 2016.
- ↑ „Rio 2016 Spectator Guide Athletics“ (PDF). rio2016.com. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-08-06. Посетено на 21 август 2016.
Надворешни врски
уреди- Praça do Pontal на Google Maps