Пол Стефан Лионел Билига (роден на 31 мај 1990, во Перуџа) е италијански кошаркар, центар на Рејер Венеција.

Пол Билига


Лични информации
Роден на 31 мај 1990(1990-05-31)(34 г.)
Роден во Перуџа, Италија
Националност Италија Италија
Висина 2,00 м
Тежина 106 кг
Позиција центар
Информации за кариерата
Проф. кариера 2008–
Моментален клуб
Клуб Олимпија Милано Олимпија Милано
Број 19
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2008–2012
2009–2010
2010–2011
2012–2014
2014–2015
2015–2017
2017–2019
2019–
Касалпустерленго Касалпустерленго
Крема
Палаканестеро Павија Пал. Павија
Скандоне Авелино Скандоне Авелино
Баскет Ферентино Баскет Ферентино
Ваноли Кремона Ваноли Кремона
Рејер Венеција Рејер Венеција
Олимпија Милано Олимпија Милано
Репрезентација
2017- Италија Италија

Кариера

уреди

Клупска кариера

уреди

Почнал да игра кошарка во Фиренца на возраст од околу 16 години. Меѓутоа, првично, тој можел да тренира само со младите, без да може да игра во официјални натпревари, бидејќи тој не ги имал потребните четири години тренинг според прописите од тоа време. Започнал во младинските категории на Касалпустерленго, а во сезоната 2008-2009 тој бил позајмен на Веролануова во Регионалната Серија Ц.[1] Враќајќи се во Касалпустерленго, тој одиграл 11 натпревари во Втората кошаркарска лига на Италија за сезоната 2009-2010, потоа се преселил, пак на заем во Палаканестро Крема повторно во Серија Ц.[2]

Потоа во сезоната 2010-2011 Билига играл за Палаканестро Павија во највисокото аматерско ниво на италијанското кошркарско првенство,[3] пред дефинитивно да се врати во Касалпустерленго во 2011 година, играјќи како регуларен член на екипата во сезоната 2011-2012.

Летото 2012 година Скандоне Авелино го купил Билига, и со овој клуб тој го направил своето деби во Серија А во сезоната 2012-2013. Тој подоцна бил потврден во ростерот на тимот и за следната сезона.[4] Во 2014 година тој се преселил во Баскет Ферентино.[5]

На 26 јуни 2015 година, тој се вратил во Серија А потпишувајќи двегодишен договор со Ваноли Кремона.[6] На 9 јуни 2016 година тој го продолжил својот договор со клубот од Ломбардија до 2018 година.[7] Во втората сезона во клубот тој имал просек од 10.9 бода и 5.1 скокови по натпревар. По испаѓањето на Ваноли, на 9 јули 2017 година, тој потпишал за Рејер Венеција.[8]

Репрезентативна кариера

уреди

Тој дебитирал за националната кошаркарска репрезентација под 20 години во 2010 година, играјќи 8 натпревари и постигнувајќи 47 бода, за време на Европското првенство во кошарка за играчи под 20 години.

Во 2017 година Билига дебитирал за италијанската сениорска репрезентација. Тој исто така учествувал на Евробаскетот 2017 во Израел.[9]

Наводи

уреди
  1. pianetabasket.com, уред. (2 јули 2009). „Fontani e Biligha nel roster della prossima Assigeco“. Посетено на 26 октомври 2012.
  2. LNP (уред.). „Erogasmet Crema - 2009/2010“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 26 октомври 2012.
  3. pianetabasket.com, уред. (11 јануари 2011). „Paul Mitchell Pavia, l'entusiasmo di Biligha: "Che prestazione contro la Virtus!". Посетено на 26 октомври 2012.
  4. Lega Basket (уред.). „Sidigas Avellino, ufficiali i rinnovi con Ivanov e Biligha“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2017-11-16.
  5. basketferentino.com (уред.). „Comunicato Stampa n°03“. Посетено на 26 јуни 2014.
  6. Sportando.com, уред. (26 јуни 2015). „Vanoli Cremona, ufficiale il biennale per Paul Biligha“. Архивирано од изворникот на 2015-06-27. Посетено на 2017-11-16.
  7. Vanoli, rinnovo per Biligha Архивирано на 8 август 2016 г. sportando.com
  8. Paul Biligha è un giocatore dell’Umana Reyer Venezia[мртва врска] sportando.com
  9. „Ettore Messina taglia Cervi, Della Valle e Baldi Rossi. Scelti i 12 per Eurobasket“ [Ettore Messina cuts Cervi, Della Valle and Baldi Rossi. The 12s of EuroBasket have been chosen]. sportando.com (италијански). 25 August 2017. Архивирано од изворникот на 2017-11-04. Посетено на 2017-11-16.

Надворешни врски

уреди