Полска чучурлига
Полска чучурлига | |
---|---|
ⓘ | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Чучурлиги |
Род: | Alauda |
Вид: | A. arvensis |
Научен назив | |
Alauda arvensis Linnaeus, 1758 |
Полската чучурлига или цуцул e мала птица од врапчевидниот ред, од семејството на чучурлигите.
Ја има во Македонија.
Распространетост
уредиОваа чучурлига живее во Европа и Азија и на планините на северна Африка. Азиските птици се појавуваат како скитници во Алјаска, a се имаат појавено и на Хаваите, северозападна Америка, источна Австралија и Нов Зеланд.
Опис
уредиПолската чучурлига е долга 16 до 18 см со распон на крилјата 35 см и тежи околу 37 гр. Ноктот на задниот прст на ногата е долг и заострен. Оди по земјата, а не потскокнува, исто како другите чучурлиги. Нема изразен полов диморфизам, односно не се разликуваат мажјаците од женките. Слично на другите чучурлиги и оваа е со кафени пердуви на грбот, а посветла е одоздола. Во лет се гледаат кратката опашка и кратките широки крилја. Опашката и задниот раб од крилјата се бели, кои се видливи кога птицата одлетува,но не кога се упатува кон набљудувачот. Има цврсти нозе и троши време на земјата барајќи семиња, вклучувајќи и инсекти во сезоната за гнездење.
Поведение
уредиГнездење
уредиОва е птица сака отворено обработливо земјиште и топлина. Прави гнездо од трева на земјата,скриено меѓу растителноста. Понекогаш се вгездува во папрати, користејки ги за покривање. Генерално, гнездата се многу тешки за наоѓање. Снесуваат 3 до 6 јајца во јуни. Второ или трето легло може да се започне подоцна во годината. Јајцата се жолтеникаво-бели со кафеаво-виолетови точки со димензии 23х16 мм. Ги лежат 12–14 дена. Малечките се развиваат исклучително брзо и по 9–11 дена го напуштаат гнездото. Родителите ги хранат со инсекти.
Пеење
уредиПесната на чучурлигите е многу милозвучна, а мажјаците имаат малку поголеми крилја кои им овозможуваат да лебдат во воздух, дури и на висини над 100 метри. Тоа ги привлекува женките. Нивната песна трае 2-3 минути, а тогаш птицата која пее може да се појави како точка на небото гледано од земјата.
Статус
уредиВо В.Британија, бројот на полските чучурлиги се намалил во текот на последните 30 години. Сега се само 10% од бројот кои биле присутни пред 30 години. Друштвото за заштита за птици покажа дека овој масовен пад на бројот е главно од промените во земјоделството и користење на пестицидите. Но, преземени се марки и англиските фармери сега се охрабрени и платени да создадат биоразновидноста за подобрување на живеалиштето на евроазиската поларна чучурлига.[2]
Во културата
уредиКога ќе се каже чучурлига, без посебно означување за кој вид се работи - тогаш мислиме на оваа, планинска чучурлига. Во англискиот јазик "skylark" (чучурлига), се користи во значење на занаетчија, а први започнале да го користат морнарите со значење на шегаџија, практичен шегаџија, некој што знае да прави трикови.
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Alauda arvensis“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ BTO News Number 269, March to April 2007, page 15
Дополнителна литература
уреди- Lidster, James (2007) Identification: Skylark and Woodlark Архивирано на 18 март 2008 г. Birdwatch
Надворешни врски
уреди„Eurasian Skylark“ на Ризницата ? |
- Oiseaux images
- Eurasian Skylark on BBC website – includes a photograph of a skylark plot
- A nature feature "The Lark Ascending" broadcast June 2006 on BBC radio 4 – website includes photograph of a skylark plot
- Eurasian Skylark plots Архивирано на 30 април 2006 г., the Eurasian Skylark, and the RSPB's Volunteer & Farmer Alliance Архивирано на 18 јуни 2006 г. on RSPB website
- Eurasian Skylark ecology on RSPB website Архивирано на 6 март 2007 г.
- Ageing and sexing (PDF; 1.3 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 17 март 2012 г.
- UKBAP site description Архивирано на 15 април 2008 г.
- List of skylark poems