Полковникот Редл
„Полковникот Редл“ (германски: Oberst Redl) — филм на режисерот Иштван Сабо (István Szabó) од 1985 година. Сабо е и автор на сценариото, заедно со Петер Добај (Péter Dobai). Главните улоги ги играат: Клаус Марија Брандауер (Klaus Maria Brandauer), Ханс Кристијан Блех (Hans Christian Blech), Армин Милер-Штал (Armin Mueller-Stahl), Гудрун Ландгребе (Gudrun Landgrebe) и Јан Никлас (Jan Niklas). На Канскиот фестивал во 1985 година, Сабо ја освоил наградата за најдобра режија, а следната година ја освоил наградата БАФТА за најдобар филм на странски јазик. Покрај тоа, филмот бил номиниран и за „Златната палма“, како и за „Оскар“ за најдобар филм на странски јазик.[1]
Синопсис
уредиАлфред Редл (го игра Брандауер) е надарено момче од Галиција, кое добива царска стипендија за офицерската академија. Таму, тој се зближува со унгарскиот гроф (го игра Никлас) и со неговата сестра (ја игра Ландгребе) и, воодушевен од нивниот живот, сака по секоја цена да успее во животот. Набргу започнува неговиот брз напредок во војската, а подоцна, пред почетокот на Првата светска војна, станува висок офицер во тајната служба. Сепак, поради неговито низок општествен статус, како и поради хомосексуалноста, тој паѓа во немилост во високите кругови. Поради тоа, војската го обвинува дека е соработник на странските служби и тој е принуден да изврши самоубиство.