Политички протести во Тајланд (2010)

Политичките протести во Тајланд претстававаат серија од протести против владејачката партија на владата во Тајланд. Протестите се резултат на политичката криза која во текот на март-април 2010 година се претвориле во насилство.

Политички протести во Тајланд
МестоТајланд
Дата12 март - 19 мај2010
Жртви91[1]
Повредени+2,100[2]

Протестите главно се насочени кон премиерот на земјата, Абхисит Веџаџива. Во текот на 2009 година, тој на неколкупати бил цел на воен удар од страна на опозицијата. Обединетиот фронт за демократија без диктатура објавил дека на 14 март ќе организира антивладини протести и дека ќе побара да се одржат нови избори во земјата. Во пресред на протестите, од страна на Веџаџива биле преземени големи безбедносни мерки. На 14 март започнале протестите на опозицијата, кои биле главно мирни. Протестите продолжиле неколку недели. Во текот на демострациите експлодирале неколку бомби, но во инцидентите немало повредени. Тензиите се зголемиле рапидно кон почетокот на април 2010 година. На 8 април 2010 година била прогласена вонредна состојба во земјата. По само два дена, протестите се претвориле во насилство кога демонстрантите одговориле на владините трупи кои со солзавец се обиделе да ја растргнат толпата. Така биле убиени 19 лица, а најмалку 800 биле повредени.

Политичките активности на Обединетиот фронт за демократија без диктатура продолжиле со блокирање на аеродромите во престолнината Бангкок.[3] Во исто време било побарано од страна на армијата на земјата и генералот Анупонг Паочинда владата да го распушти парламентот и да распише нови избори,[4] но владиниот портпарол за Ројтерс изјавил дека го отфрлаат предлогот на армијата.

На 10 април 2010 година, демонстрантите успеале да заземат една сателитска телевизија. Истиот ден избувнале големи немири и пресметки помеѓу двете групи. Тајландските војници испукале гумени куршуми во толпата поддржувачи на опозицијата при кое биле повредени околу 170 луѓе. Во текот на денот, девет лица загинале, а 521 биле ранети. Во следните неколку денови биле убиени уште 13 лица, со кое вкупниот број на загинати се изкачил на 24 мртви и околу 800 повредени.

Наводи

уреди
  1. Thomas Fuller and Seth Mydans (19 Sep 2010). „Protesters Return to Bangkok Streets“. Bangkok: The New York Times. Посетено на 7 Oct 2010. Недостасува |author1= (help)
  2. Joanna Sugden and Sian Powell (15 May 2010). „Death toll rises as anti-government protests escalate in Thailand“. London: Times Newspapers Ltd. Архивирано од изворникот на 2011-04-29. Посетено на 14 May 2010. Недостасува |author1= (help)
  3. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=65F3F47D40163746BE588E25DA3F80B8[мртва врска] Вечер: Блокиран и вториот аеродром
  4. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0A5E3C94A56B3F408782E08BCB284087[мртва врска] Утрински Весник:Армијата побара распуштање на тајванскиот парламент