Поило

(Пренасочено од Поилка)

Поило или водопој[1][2] — ограден простор или корито крај чешма каде што се пои добиток, како и место крај вода каде што се пои добиток или дивеч.[3][4]

Стара византиска чешма со поило во село Винце
Поило во село Тремник
Брадавичести прасиња на поило во Сенегал
Начело на работа на поилката

Поилка

уреди

Посебна направа за напојување домашни животни.[5][6] Таа се состои од затворен сад со чиста вода кој е затворен и до него животните немаат пристап, и отворен помал сад со ограничена количина вода од кој животните пијат. Поилката го користи начелото на сврзани садови за да обезбеди постојано ниво на вода во отворениот сад. Поилката често е наменета за птици (живина, гулаби итн.). Нејзината вообичаена зафатнина се движи од 3 до 20 литри. Често се изработува од пластика, емајлиран челик или топло галванизиран челик. Цинк оксидот има фунгицидни и антисептички својства, па овој материјал е особено погоден за оваа намена. Водата во ваквите поилки останува чиста и бистра подолго време. На фармите, поилките се поставуваат на земја или на триножници.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди