Пливски Езера
Пливските Езера се наоѓаат помеѓу општините Езеро и Јајце во Босна и Херцеговина. Сместени се во речната долина Плива се разликуваат како Мало и Големо Езеро.
Големото езеро почнува на местото каде Плива го завршува својот ток, низводно од општината Езеро, а завршува во населбата Заскопље. Долго е околу 3,3 километри и широко од 400 до 700 метри. Најголемата длабочиа на Големото езеро изнесува 36 метри. На него се одржуваат натпревари во кајак, кану и разни водни спортови. Тука во 1963 година е одржано светското и европското првенство во кајак.
Малото езеро почнува во населбата Заскопље и долго е околу 950-1000 метри, а широко помеѓу 200 и 400 метри. Најголемата длабочина на ова езеро изнесува околу 25 метри.
Езерата се богати со разни видови на риба: пастрмка, лињак, шаран и др.
Галерија
уреди-
Пливските Езера
-
Големото Езеро
-
Млинчици
Надворешни врски
уреди- Еко Плива Архивирано на 5 март 2016 г.