Планинарски дом „Широка“
Планинарски дом „Широка“ — планинарски дом во Македонија, сместен на надморска височина од 1.950 метри, под врвот Пелистер, на планината Баба.
Планинарски дом „Широка“ | |
---|---|
Поглед на планинарскиот дом „Широка“ | |
Надм. вис. | 1.950 |
Држава | Македонија |
Најблиска населба | Широка |
Управа | |
Одржуван од | Планинарски спортски клуб „Димитар Илиевски-Мурато“ |
Местоположба
уредиДомот се наоѓа на надморска височина од 1.950 метри под самиот врв Пелистер, на околу 23 километри од градот Битола.[1] До Планинарскиот дом најлесно се стигнува од „Инфо центарот“ на националниот парк „Пелистер“ или поранешно место викано „на Лазо вилата“ со старт од 1360 метри надморска височина, со должина на патеката од околу 9 км. Пешки се стигнува за 2.30 до 3 часа по макадамски пат, може да се стигне и со теренско возило, а е идеално за со планински велосипед.
Историја
уредиПланинарскиот дом познат како „Ловечка куќа“ во минатото немало услови за користење, а во лето го користеле само берачите на боровинки за преспивање и складирање на собраните боровинки.[1]
Во 2016 година почнало обновување на домот во организација на Планинарскиот спортски клуб „Димитар Илиевски-Мурато“ и Скијачкиот и сноубординг клуб „ССНЛ“ од Битола со средства од спонзори и донации од љубителите на планината. Реновирањето сè уште не е завршено, но створени се услови за пристојно сместување.[1]
Во ноември 2021 година домот бил опожарен и оттогаш е вон употреба.[2]
Особености
уредиПланинарскиот дом располага со16 кревети една во една соба, трпезарија, кујна, затоплување на дрва, струја на агрегат, вода.
Планинарскиот дом не работи редовно за време на викенди и се отвора со претходен договор и најава на групи кои сакаат да ноќеваат.[1]
Патеки
уредиПатеки кои водат до Планинарскиот дом „Широка“[1]:
- ПД Широка (1950 м) - Врв Пелистер (2601 м): 3,5 км 1:30 – 2 часа маркирана патека.
- ПД Широка (1950 м) – Мало Езеро (2180 м) – Големо Езеро (2218 м) – Нижеполе (1170 м): 12 км - 3-4 часа - маркирана патека.
- ПД Широка (1950 м) - врв Козји Камен (2180): 2,5км 1:30 часа - немаркирана патека.
- ПД Широка (1950 м) - село Маловиште (1150м.): 9 км 3-3:30 часа - маркирана патека.
- Трекинг патека од село Дихово до село Курбиново – 40 км.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Планинанрски дом“. Архивирано од изворникот на 2021-06-24. Посетено на 20 јуни 2021.
- ↑ „Изгоре планинарскиот дом Широка на Пелистер“. Ски Македонија. Посетено на 29 август 2024.