Пијаниот ангел (филм)

Пијаниот ангел (јапонски: 醉いどれ天使; Yoidore tenshi) - јапонски филм од 1948 година, во режија на Акира Куросава. Главните улоги ги играат: Такаши Шимура, Тоширо Мифуне и Норико Сенгоку. Со овој филм почнала долгата и успешна соработка меѓу Куросава и Мифуне. Инаку, филмот е снимен во времето кога Јапонија сè уште била под американска окупација, при што, и покрај цензурата, Куросава вметнал некои детали кои ја критикуваат окупациската власт.[1]

Пијан ангел постер

Синопсис

уреди

Д-р Санада (го игра Шимура) е лекар-алкохоличар кој многу се грижи за здравјето на своите пациенти. Тој се спријателува со еден млад пацијент, младиот гангстер Мацунада (го игра Мифуне), кој е ранет во вооружена престрелка меѓу бандите. При прегледот, докторот утврдува дека Мацунада е болен од туберкулоза и го убедува да се откаже од пиењето и бурниот живот, но Мацунада не ги прифаќа неговите совети. Во меѓувреме, од затворот е ослободен Окада (го игра Јамамото), поранешниот шеф на Мацунада. Тогаш, Мацунада повторно се враќа на лошите навики и често ги посетува ноќните клубови заедно со Окада. Тогаш, здравјето на Мацунада се влошува, неговите помошници го напуштаат, а Окада му ја презема девојката. Д-р Санада го прифаќа Мацунада во својот дом каде што го лекува. Тогаш, Окада доаѓа кај докторот и се заканува дека ќе го убие, ако не му каже каде живее неговата поранешна девојка, медицинската сестра (ја игра Накакита) на д-р Санада. Д-р Санада оди да го пријави Окада во полицијата, а болниот Мацунада оди кај главниот шеф на Јакуза и таму дознава дека тој е само пион кој сака да го искористи шефот во пресметката со противниците. Истовремено, главниот шеф му ја предава на Окада територијата која му припаѓала на Мацунада кого никој повеќе не го почитува. Само жената која работи во еден бар, а која е вљубена во Мацунада, го убедува заедно да го напуштат градот и да се преселат во нејзиното село каде што таа ќе се грижи за него. Болниот Мацунада се бори со Окада, но погинува, а продавачката вљубена во него ја зема урната со неговата пепел за да ја закопа на нејзиниот селски имот. Д-р Санада, пак, дознава дека неговата млада пациентка, болна од туберкулоза, ја победила болеста почитувајќи ги неговите совети.[2]

Наводи

уреди