Питер де Карпентие
Питер де Карпентие ( холандски: Pieter de Carpentier; 1586 / 1588 - 1659 ) - петти генерален гувернер на Холандска Источна Индија .
Питер де Карпентие | |
---|---|
Портрет на Питер де Карпентие од непознат уметник. Државен музеј, Амстердам. | |
5-ти Генерален гувернер на Холандска Источна Индија | |
На должноста 1 февруари 1623 – 30 септември 1627 | |
Претходник | Јан Питерзон Коен |
Наследник | Јан Питерзон Коен |
Лични податоци | |
Роден(а) | 19 февруари 1586 Антверпен, Шпанска Холандија |
Починал(а) | 5 септември 1659 Амстердам, Холандска Република | (возр. 73)
Националност | Холандија |
Питер де Карпентие е роден во 1586 година (според други извори - во 1588 година) во Антверпен, набргу откако Републиката на Обединети Провинции на Холандија стекнала независност од Шпанија. Неговиот вујко, Луј Делбек (холандски: Louis Delbeecque) бил еден од основачите на холандската источноиндиска компанија. Од 1603 студирал филозофија на Лајденскиот Универзитет.
Во 1616 година со бродот Де Хетраухејт (холандски: De Getrouwheid - Верба) отпатувал за Холандска Источна Индија. Во таа колонија, тој тој се наоѓал на голем број важни позиции, меѓу кои и генерален директор за трговија, член на Советот на Индија и член на Советот за одбрана. Од 1 февруари 1623 до 30 септември 1627 година бил генерален гувернер на колонијата. За време на неговото владеење, започнала активната изградба во Батавија, која станала административен центар на Холандска Источна Индија; била изградена управната зграда и неколку цркви, било основано училиште и изградиле сиропиталиште. Исто така, под Карпентие, биле воспоставени трговски односи меѓу колонијата и Цејлон, бил склучен договор со малабарскиот султан.
На 12 ноември 1627 година, Питер де Карпентие со пет трговски брода заминал од Источна Индија на пат за Холандија каде што пристигнал на 3 јуни 1628 година. Во октомври 1629 година бил примен во советот на Холандската источноиндиска компанија.
Петар де Карпентие починал на 5 септември 1659 година во Амстердам и бил погребан во Вестеркерк.
Личен живот
уредиНа 2 март 1630 година, Питер де Карпентие се оженил со Марија Равевелт ( холандски: Maria Ravevelt) од Миделбург. Во септември 1641 година, неговата сопруга починала и била погребана во Амстердам. Имале седум деца.
Сеќавање
уредиХоландските морепловци Јан Карстенсон и Вилем ван Колстерт, заливот на северниот брег на Австралија кој го откриле во 1623 година го нарекле во чест на генералниот гувернер Карпентие - Карпентариски Залив.
Користена литература
уреди- Западна Австралија: историја од нејзиното откривање до инаугурацијата на Комонвелтот од Ј.С. Бати (1924) Поглавје 1.
- Голем дел од информациите за оваа статија беа обезбедени од г-дин Јап де Карпентие Волф, потомок на Питер де Карпентие.
- Изворот на сликата на Питер де Карпентие е „ Генеалогија на семејството Де Карпентие од Холандија од Едвин Жакет Селерс, Ален, Лејн и Скот, САД, Филаделфија 1909 година“. Оригиналната маслена слика на оваа гравура виси во Хаг во една од зградите на владиното срце на Холандија, Биненхоф