Пискобран
Пискобран или коскобран е направа која се носи пред писката на играчот за да го заштити од повреди. Пискобраните често се користат во спортот вклучувајќи го фудбалот, бејзболот, хокејот на мраз, хокејот на трева, рагбито, крикетот и др. Носењето на ваква заштитна опрема може да биде пропишано или учесниците доброволно да ја носат како заштитна мерка.
Материјали
уредиВо денешно време пискобраните се прават од разни синтетички материјали, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на:
- Фиберглас – крут, отпорен и лесен.
- Гумена пена – многу лесен, но не така крут и отпорен како фибергласот.
- Полиуретан – тежок и отпорен, нуди скоро целосна заштита од најголем број на можни закани.
- Пластика – со пониско ниво на заштита од другите синтетички пискобрани.
- Метал – со високо ниво на заштита, но многу тежок и некомфорен.
Историја
уредиПискобраните биле инспирирани од концептот на боен штитник. Штитникот е дел од оклоп кој служи за заштита на писката.
Технологијата на овие направи датира од античка Грција и Рим. Во тоа време, пискобраните биле заштитна мерка за воините во битка и биле изработени од бронза или други тешки и отпорни материјали. Најраниот познат физички доказ за технологијата го открил археологот сер Вилијам Темпл (William Temple) – пар на бронзени штитници со гравура на главата на Горгона на колената. Врз основа на испитувањето утврдено е дека истите потекнуваат од 550/500 г.п.н.е од Јужна Италија, од делот познат како петицата на Италија.[1] Ова откритие не се смета за најстара примена на пискобрани, но другите се засновани на пишани или сликовни докази. Најстарото познато спомнување на пискобрани е во Библијата, книгата на Самуил, каде е опишан Филистиецот Голијат од Гат кој носи бронзен шлем, горна облека од метални листови и бронзени штитници за нозете.[2] Книгата на Самуил е напишана меѓу 960 и 700 г.п.н.е.[3] Во средниот век има поконкретни примери на пискобрани. Штитниците тогаш биле подобрени да ја покриваат цела потколеница, однапред и одназад, од стапалата до колената и најчесто биле изработувани од кожа и железо.[4]
Со текот на времето, во 19 век се случи голема промена во примената на пискобраните. Основната намена за заштита на писката остана, но наместо да се користат во борба, истите се применуваат во спортот. Оваа промена доминира до денешно време кога пискобраните најмногу се користат во спортот. Постојат примени и во други физички активности како планинарењето, боречките вештини, кикбоксот, но овие активности исто така може да се сметаат за спорт наместо борбени дејствија.
Крикетот бил првиот спорт кој го прифатил користењето на пискобрани. Воведувањето на оваа опрема не било мотивирано од потреба од заштита, туку како стратешка направа за бетсменот да добие предност.
Фудбалот бил следниот голем спорт кој вовел употреба на пискобрани. На Сем Велер Видовсан (Sam Weller Widdowson) му се припишува воведувањето на пискобрани во 1874 година.[5] Тој играл крикет и фудбал и врз основа на искуствата од крикет дошол до идеја да се заштити на сличен начин.[6] Видовсан пресекол пар пискобрани за крикет и ги врзал над чорапите со кожни врвци.[7] Другите играчи отпрвин му се смееле, но на крајот ги прифатиле увидувајќи ја практичната корист од нивното користење.[8] Денес има два основни вида на пискобрани кои се користат во фудбалот: лизгачки пискобрани и глуждови пискобрани.[9]
Различни играчки позиции во фудбалот бараат нивните пискобрани да обезбедуваат различни типови на заштита и облик. Одбранбените играчи имаат потреба од најголема заштита. Ним им се потребни потешки пискобрани со заштита на глуждот. Играчите од средниот ред имаат потреба од заштита која обезбедува слобода на движење. Напаѓачите имаат потреба од лесни пискобрани со заштита на глуждот. Голманите можат да носат лесни пискобрани со минимална заштита.[9]
После примената на пискобраните во фудбалот, тие брзо се рашириле во другите спортови и денес се сметаат неопходни за повеќето спортови во кои играчите имаат контакт.
Наводи
уреди- ↑ Jastrow. Bronze Greaves BM GR1856.12-26.615. 2006. Photograph. The Greeks in Southern Italy, The British Museum, Upper Floor, Room 73, London, United Kingdom.
- ↑ 1 Samuel. Student's Life Application Bible. Wheaton: Tyndale House, 1997. Print. New Living Translation
- ↑ Coogan, Michael D. A Brief Introduction to the Old Testament: the Hebrew Bible in Its Context. New York: Oxford University Press, 2009. Print.
- ↑ "Medieval Knights Greaves." All Things Medieval. Web. 11 Nov. 2011. <http://medieval.stormthecastle.com/armorypages/greaves.htm Архивирано на 9 јули 2020 г.>.
- ↑ "Hucknall Cricketers." Ashfield District Council. Web. 12 Nov. 2011. <http://www.ashfield-dc.gov.uk/ccm/navigation/leisure-and-culture/sports/cricket/hucknall-cricketers/ Архивирано на 20 јули 2012 г.>.
- ↑ "1857-1887." Football Nostalgia: Seriously Soccer. Football Nostalgia. Web. <http://www.footballnostalgia.org.uk/1857.htm Архивирано на 2 јуни 2012 г.>.
- ↑ Cox, Richard William, Dave Russell, and Wray Vamplew. Encyclopedia of British Football. London: F. Cass, 2002. Print.
- ↑ Lennox, Doug. Now You Know Big Book of Sports. Toronto: Dundurn, 2009. Print.
- ↑ 9,0 9,1 Soccer Shin Guards Архивирано на 26 ноември 2020 г., Soccer Архивирано на 21 август 2017 г., 2013-10-14. Retrieved: 2013-10-14.