Пирустија

(Пренасочено од Пиростија)

Пирустија[1] или пиростија[2]железен триножник за готвење на отворен оган.[1] Под пирустијата се гори оган, а на неа се поставува сад во кој се готви јадење (котле, црепна и др.).

Пирустија
Црепна и вршник на пирустија

Денес пирустијата се користи при подготовка на традиционални специјалитети под вршник. [3]

Пирустијата во творештвото

уреди

Гатанки:

  • Арапин се чекори, Арапин ја јаа. (Пирустија и тенџере)[4]

Народни песни:

  • Билбил рано пее (Три на крст пирустија;)[5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди