Црепна
Црепна[1] или подница[2] – кружна тепсија изработена од непрочистена глина, дополнета со разни додатоци од органско и неорганско потекло[3].
Изработка
уредиИзворно црепните се изработувале на мошне архаичен начин. Имено, црепните се моделирале со слободна рака и по сушењето се печеле во отворено огниште, а некаде и не се печеле.
Употреба
уредиСе употребувале така што најпрво црепната се загревала на огниште, потоа во неа ќе се ставела храната, ќе се поставела на пирустија и ќе се покриела со друга загреана црепна или почесто со вршник. Црепните најчесто се употребувале за печење леб и други производи од тесто, но и друга храна.
-
Црепна и вршник на пирустија
-
Вршник
-
Пирустија
-
Маша
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „црепна“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „подница“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Чаусидис, Н.; Николов, Г. (2006). „Црепна и вршник. Митолошко-семиотичка анализа“ (PDF). Посетено на 25 јули 2017.