Пинакотека (грчки πινακοθήκη, од πίναξ, слика и θήκη, складиште) — назив за просторија која била украсена со слики и се наоѓала во богати грчки и римски куќи, обично во близина на главниот влез.

Зградата на Пинакотеката во Сао Паоло

Според римскиот архитект Витрувиј, оваа просторија требало да биде на северната страна за сончевата светлина да не ги оштети сликите. Една јавна пинакотека се наоѓала во Пропилеите на Акропол во Атина.

Денешното значење на пинакотека[1][2] е уметнички музеј кој изложува само слики. Примери за модерни уметнички галерии кои го користат името пинакотека се Старата пинакотека во Минхен и пинакотеката во Сао Паоло.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди