Пеш по светот (поема)
„Пеш по светот“ — поема на македонскиот поет Коле Неделковски, објавена како дел од истоимената поетска збирка во 1941 година, во Софија.
Осврт кон поемата
уреди„Пеш по светот“ е лирска поема што ги обележува најзначајните перипетии во повеста на македонското национално-ослободително движење од првите децении на 20 век. [1] Поемата се состои од две песни: првата содржи седум речиси самостојни оддели (54 строфи од по четири стиха), а втората е разделена на два оддела (12 строфи од по четири стиха). Поемата е конципирана како пресек на одделни моменти од историјата на македонскиот народ и од неговата борба, а покрај тоа, поемата содржи и некои автобиографски елементи. Во неа се среќаваат историски реминисценции (Илинден, гемиџиите итн.), како и често повторувани прекори на сите оние кои се прибрале „в дворци“ и обезмени од „тој блесок приказен“ се оддалечиле од македонската борба и од животот на народните маси. Поетот остро го осудува нивното лицемерие: „И на сегде вик издигат / и во надеж горат / ех, зар борба ќе поведат? / — Други ќе го сторат!“ На тие одродени Македонци и лажни патриоти поважна им е Витоша што „сладок смев праќа“ и тие се загубени за македонскиот народ. Наместо нив, поетот има верба во чедата народни, „вистински славни јунаци“ кои ќе го „сринат ропството“ и токму ним, „на младите македонски борци“ им е посветена збирката „Пеш по светот“.[2]