Везер (река во Франција)

Везер (француски: Vézère, окситански: Vesera) — река во југозападна Франција со должина од 211 км и сливна површина од 3.736 км2. Тоа е важна притока на реката Дордоња. Извира во северозападниот дел на Централниот Масив во јужна Франција и тече према југозапад низ департманите Корез и Дордоња. Средниот проток на реката Везер е 58,9 м3.

Везер
Местоположба
Физички особености
УстиеДордоња
Должина211 км
Особености на сливот

Долината на реката Везер е позната по своите праисториски пештери со бројни остатоци од хоминиди и палеолитско сликарство. Најпозната од нив е пештерата Ласко. УНЕСКО овие пештери ги сместил на својата список на Светски наследства во 1979 година.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди