Пет струмички студенти

Името Петте струмички студенти или Струмичката петорка се однесува на струмичаните Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Борис Белев, Ѓорги Костуранов и Стево Топчев на возраст од 18 до 23 години, кои на 13 август 1951 година биле убиени до селото Дорломбос на планината Беласица од страна на комунистичките власти во Струмица на тогашната СРМ. Тие биле студенти во Белград, Скопје и Загреб, а биле убиени под образложение дека сакале нелегално да пребегаат во Грција. Струмичани со децении го отфрлаат ова толкување и тврдат дека студентите биле киднапирани и убиени од локалните безбедносни служби затоа што биле политички неистомисленици и блиски до идеалите на ВМРО.[1]

Споменик на студентите во Малиот парк во Струмица

Наводи

уреди
  1. „Петте струмички студенти“. Македонска нација. 12 август 2009. Посетено на 7 септември 2012.