Петер Цумтор
Петер Цумтор (германски: Peter Zumthor; р. 26 април 1943) — швајцарски архитект. Роден е во Базел. Татко му бил столар и љубовта кон техничките науки ја открива учејќи столарство, од 1958 до 1962 година. Од 1963 до 1967 година студирал на Школата за уметности и занаети, а потоа се запишал на индустриски дизајн и архитектура на институтот Парт во Њујорк. Свое студио отворил во 1979 во Халденштајн, мало швајцарско планинско село, каде сè уште работи.[1]
Петер Цумтор | |
---|---|
на меѓународното биенале за архитектура во Венеција во 2018 година. | |
Роден(а) | 26 април 1943 Базел, Швајцарија |
Националност | Швајцарец |
Награди | Карлсбергова награда (1998) Царска награда (2008) |
Зданија | Топли бањи - Валс Дом на уметноста - Брегенц |
Како перфекционист во својата работа, Цумтор не проектира многу градби и секој од неговите проекти е исклучителен, суптилен и едноставен, но истовремено и раскошен. Меѓу неговите најпознати проекти се вбројуваат: Топлите бањи во Валс, Музеј на уметностите во Брегенц, Капелата Брат Клаус во Мехемих и Музеј Колумба во Келн. Наречен уште и „повлечениот архитект“, Цумтор во 2009 година го добива најголемото архитектонско признание на светот - Прицкеровата награда за архитектура.[1]
Галерија
уреди-
Топлите бањи во Валс (1996)
-
Музеј на уметноста во Брегенц (1997)
-
Музеј Колумба (2007)
-
Капела Брат Клаус во Мехемих (2007)
Наводи
уредиЛитература
уреди- Цумтор, Петер. „Атмосфери“. Икона. ISBN 978-608-221-078-0.