Петар
Петар — машко христијанско име од грчко потекло. Потекнува од грчко име „Петрос“ и значи карпа, камен, поради тоа се смета за симбол за непристрасност, одлучност и постојаност. Името Петар е име на еден од дванаесетте Христови апостоли. Римокатолиците свети Петар го сметаат за првиот папа и сметаат дека сите останати папи се негови наследници.
Петар | |
---|---|
Свети Петар слика од Петер Паул Рубенс | |
Пол | машки |
Origin | |
Потекло | грчки |
Значење | карпа, камен |
Други имиња | |
Сродни имиња | Петре, Пејо, Пецо, Петра, Петранка, Перо, Пера |
Видете Петар во Викиречник, слободниот речник. |
Потекло
уредиИсус Христос зборувал на арамејски јазик, и според Библијата, на својот нов ученик, на рибарот Симон му го дал името Кифа (Кефа), што на грчки е преведено како Петрос. Ова значи дека свети Петар под тоа име не постоел, туку тоа име подоцна е дадено во грчкиот превод. Самиот назив Петар како камен, стена, темел се однесува на патер, татко, оној кој се прашувал за сè во патријархалните општества. Таткото бил камен-темелник на семејството.
Именден
уредиВо Македонија именден се слави на 12 јули (според јулијанскиот календар).
Во Бугарија и останатите православни цркви кои го прифатиле грегоријанскиот календар именден се слави на 29 јуни.
Популарност
уредиВо сите варијанти ова календарско име е популарно во сите јазици во христијанскиот свет од минатото па сè до ден денес. За популарноста на нашите пошироки простори најголем придонес имаат црквите со името на свети Петар кои биле основани во разни делови на Балканскиот Полуостров. Името доста често во Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија. Во 2009 година оваа име во Македонија беше на деветто, а во 2012 година на седмото место[1] по популарност.
Слични имиња
уредиОд ова име во македонскиот јазик се изведени имињата: Петре, Пејо, Пецо, Петра, Петранка, Перо, Пера и др.
Петар на други јазици
уреди- англиски - Питер, Пит
- бугарски - Петр, Камен
- германски - Петер
- италијански - Пјетро, Пјеро (забелешка: зборот за камен на италијански е „пјетра“)
- руски - Пјотр
- српски, хрватски - Петар
- словенечки - Петер
- француски - Пјер (забелешка: зборот за камен на француски е исто така „пјер“)
- шпански - Педро
Наводи
уреди- ↑ „Александар и Марија најчести имиња во Македонија“. Архивирано од изворникот на 2016-01-14. Посетено на 2017-04-09.
- Think Baby Names:[1]