Петар Ренџов
Петар Ренџов (роден во 1965 во Штип) — македонски гитарист и композитор.
Животопис
уредиПетар Ренџов е роден во Штип. Средно училиште завршил во гимназијата „Орце Николов“. Петар Ренџов е син на познатиот македонски писател Михаил Ренџов. Тој живее во Општината Аеродром. Од 1991 година, Ренџов е оженет за сопругата Василка (докторка на Клиниката за стоматологија) со која имаат две ќерки: Ангела и Михаела.[1]
Творештво
уредиПетар Ренџов започнал да свири гитара од најрана школска возраст во 1974 година.Најголемо влијание на неговиот стил има др.Методи Чепреганов кој го инспирира да го засака џезот. Подоцна, Ренџов бил член на неколку македонски Рок-музика|рок -групи, како: „Цилиндар“, „Банкрот блуз бенд“ и „Тумбао салса бенд“ Има издадено 5 солистички албуми: "Сонот на невестата" - 2005 год "Темјаника" - 2009 год "Бела салсита" (Тумбао салса бенд) 2013 год "Џезилка" - 2018 год "Скопски приказни"- 2022год "Самба нова" (Тумбао салса бенд) 2023
Наводи
уреди- ↑ Андријана Андова, „Љубовта ни почна како мјузиклот Брилијантин“, Антена, број 826, 25.4.2014, стр. 4-5.