Петар Наневски (31 август 1935 во Ваташа — )[1]македонски поет, сликар, есеист, припадник на третата генерација македонски писатели. Член на ДПМ и ДЛУМ.[2]

Животопис

уреди

Завршил Училиште за применета уметност и Педагошка академија во Скопје. Работел како наставник по ликовно воспитување во кавадаречката гимназија и кустос-ликовен уметник во Музеј-галеријата во Кавадарци.[2]

Творештво

уреди

Во текот на својата творечка активност ги објавил книгите: [2]

  • Починка и врвици (поезија, 1961)
  • Срп и нежност (поезија, 1971)
  • Причина и спокој (поезија, 1977)
  • Галии низ зумбулите (поезија, 1978)
  • Сончевата споредба (поезија, 1980)
  • Сликар меѓу ѕуници (поезија, 1982)
  • Полноќна Ваташа (поезија, 1983)
  • Грчот на Лаокон (поезија, 1985)
  • Така прорече Морос (поезија, 1993)
  • Фрлач на дискови (поезија, 1996)
  • Глетки од фенерот на Диоген (избор 1997)
  • Хетери, музи и мајстори (1998)
  • Талози и часовници (2004)
  • Вечерни актови (трилогија 2006)
  • Резултати (афоризми 2008)
  • Трактат на есејот (2010)

Како сликар реализирал и учествувал во подготовката на повеќе од 300 ликовни изложби во земјата и во странство. Член е на Советот на Друштвото на писатели на Македонија.[2]

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 173.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 423. ISBN 978-608-4621-04-1.