Петар Мартулков
Петар Мартулков (12 мај 1875, Велес - 1947) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
Петар Мартулков | ||
Роден | 12 мај 1875 Велес, Македонија |
---|
Животопис
уредиПетар Мартулков е роден на 12 мај 1875 година во Велес, тогаш во Отоманското Царство. Негов роднина е деецот на ВМРО (Обединета) и БКП Александар Мартулков. Во 1897 година завршил математика и физика на Софискиот универзитет, по што предава во Битолската егзархиска гимназија заедно со Даме Груев и Михаил Герџиков [1].
Мартулков активно учествувал во Битолскиот и Одринскиот револуционерен округ. Во 1900 година пристигнал во Одринско и бил избран за член на Одринскиот окружен револуционерен комитет, но откако бил разоткриен во 1901 година се преселил во Бугарија. Во 1902 година завршил школата за резервни офицери и го добил чинот подпоручник.
Петар Мартулков учествувал во Балканските војни и Првата светска војна. По војните бил главен инспектор по математика и физика во Министерството за просвета и е автор на многу учебници по математика и физика за средните бугарски училишта [2][3]. Умрел во Бугарија во 1947 година.
Извори
уреди- ↑ Силянов, Христо, „Освободителнитѣ борби на Македония, I“, стр.110
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 100.
- ↑ Биография от сайта на ВМРО[мртва врска]