Песна за мраз и оган
„Песна за мразот и оганот“ е серијал од епско-фантастични романи од американскиот романописец и сценарист Џорџ Р. Р. Мартин. Мартин започнал со пишување на серијалот во 1991 година, а првиот дел е објавен во 1996 година. Иако отпрвин замислен како трилогија, серијалот сега се состои од пет објавени романи; со следните два во изработка. Паралено со серијалот, Мартин пишува и неколку новели (досега издадени три) чие дејство е сместено пред настаните опишани во романите.
Песна за лед и оган | |
---|---|
Американските корици за првите пет книги од серијалот
| |
Игра на тронови (1996) Судир на кралеви (1998) Бура од мечеви (2000) Гозба за врани (2005) Танц на змејови (2011) Ветриштата на зимата Сон за пролетта | |
Автор | Џорџ Р. Р. Мартин |
Земја на потекло | САД |
Јазик | англиски |
Жанр | епска фантазија[1] [2], мрачна фантазија, средновековна фантазија |
Издавач | Bantam Books (САД и Канада) Voyager Books (Австралија) |
Издаден | 6 август 1996 – непознат датум |
Медиумски облик | печатена (тврда и мека подвеска) аудио-формат |
Дејството е составено од три сижејни линии кои се испреплетуваат една во друга: низа настани предизвикани од династиска граѓанска војна за контрола над Вестерос, предводена од неколку влијателни семејства; бавното воздигнување на Другите, одамна исчезнати митски суштества кои живееат зад енормен леден ѕид, кој ја означува северната граница на Вестерос; и настојувањата на Дајнерис Таргериен, прогонета принцеза од поранешната, веќе истребена владеачка династија, да се врати во Вестерос и да го си го поврати престолот, законски нејзин.
Црпејќи испирација од историски настани како англискиот период на Војната на розите, Мартин намерно ги редефинира конвенциите на жанрот на фантастиката.[3] [4] Серијалот е карактеристичен по огромната доза на реализам наспроти фантастичниот карактер; магијата е потисната и служи како двигател, додека политичките интриги и борби за моќ предоминираат во структурата на серијалот. Насилството, сексуалноста и моралната парадоксалност се постојано присутни помеѓу илјадниците ликови. Главните ликови се постојано убивани со цел читателите да не се потпираат на одредените херои. Земајќи предвид дека поглавјата се раскажувани од различни ликови, читателот добива повеќе гледни точки на ист предмет, со што класичната поделба на јунаци и негативци е заменета со таа морална неодреденост. Песна за лед и оган покрај претходно споменатите теми е често воздигнувана за начинот на кој ги прикажува жените и религијата.
Книгите се преведени на повеќе од 20 јазици. Четвртиот и петтиот дел се качија на врвот на бестселер листите на Њујорк тајмс во 2005 и 2011. Серијалот има продадено повеќе од 90 милиони копии од 90 милиони копии во светот[5][6][7] и веќе е преведена на 47 јазици. Една од новелите ја доби престижната Хуго награда за научно-фантастична литература. Заснована на серијалот е снимена телевизиска серија во продукција на ТВ куќата HBO - Игра на тронови, која започна да се прикажува на 17 април 2011 година во САД.
Содржина
уредиПесна за лед и оган следи три посебни сижејни линии, географски поделени, но и според различните учесници во нив. Настаните се раскажани од гледна точка на различни ликови, присутни во различните паралелни дејствија. Сместено во т.н. Седум кралства на измислениот континент Вестерос, главното дејство прикажува многу-страна борба за моќ за освојување на престолот, по смртта на кралот во првата книга. Второто дејство се случува на северната граница на Вестерос, каде огромен ѕид направен од лед и чакал е поставен како штит од митските суштества кои живееат зад ѕидот. Последното дејство е сместено на источен континент наречен Есос и ги следи авантурите на преживеана принцеза, ќерка на поранешен владател на Вестерос, убиен во граѓанска војна пред настаните на првата книга.
Првата сижејна линија, сместена во самите Седум кралства, хронолошки ја следи борбата за престолот од повеќе страни, која започнува по смртта на кралот Роберт Баратион. Престолот го презема неговиот син Џофри, поддржан од моќното семејство на неговата мајка, домот Ланистер. Меѓутоа, лордот Едард Старк, „рака“ (главен советник) на кралот Роберт, дознава дека Џофри е плод на инцест од домот Ланистер, оттаму вистинскиот престолонаследник е најстариот брат од домот Баратион, Станис. Но, харизматичниот најмлад брад, Ренли Баратион, копнеејќи по престолот, отворено се протиставува на редот на наследство, поддржан од злокобното и промислено семејство Турел. Додека веќе споменатите се борат за превласт над сите кралства, Роб Старк, наследникот на лорд Едард Старк, е прогласен за Крал на северот. Истовремено, Бејлон Грејџој, владетел на едно од Седумте кралства - Железните острови, објавува независност и желба за отцепување од кралството. Оваа таканаречена Војна на петте кралеви е првичната сижејна линија во првите четири романи; всушност, четвртиот роман во главно се занимава со закрепнувањето на Вестерос од војната.
Втората сижејна линија е сместена зад северната граница на Вестерос. Овде, пред илјадници години, голем ѕид од лед и чакал бил направен делумно од магија, делумно од човечки труд за да го брани Вестерос од Другите, раса на митски суштества кој некогаш живееле најдлабоко на север. Овој ѕид, исто и именуван, долг 480 километри и висок 210 метри е одржуван од братството Ноќна стража, чија должност е да го бранат кралството од Другите. Во времето кога започнуваат романите, Другите се само ликови од приказните, а Ноќната стража е ништо повеќе од казнена колонија: во лоша форма, составена од криминалци и бегалци, со само неколку витези и смели луѓе, кои најголем дел од времето го поминуваат расправајќи се со диви луѓе кои живеаат зад ѕидот. Оваа сижејна линија е раскажувана, во главно преку очите на Џон Сноу, копиле на Едард Старк[8] , додека се издигнува низ хиерархијата на Стражата, ја дознава вистинската природа на заканата од север и се подготвува да го брани кралството, и покрај тоа што луѓето од Вестерос се премногу зафатени за да испратат поддршка. До крајот на третата книга, оваа сижејна линија се испреплетува со граѓанската војна на југ.
Третата сижејна линија е сместена на огромниот источен континент Есос и ги следи авантурите на Дајнерис Таргериен, последниот потомок на куќата Таргериен, која сака да го поврати престолот. Од обичен просјак продаден на поглавар на дивјачко племе таа се издигнува во лукав и моќен владетел. Нејзиното издигнување е засилено кога за свадбен подарок добива три јајца од змеј. На крајот на првиот роман од јајцата се испилуваат три змеја кои стануваат дел од нејзината армија. Грбот на нејзиниот дом е триглав змеј, правејќи ги трите ново-добиени змеја симбол за нејзиното враќање, а нејзе уште еден пион во борбата за престолот.
Развој
уредиМартин долго време имал љубов кон витези и средновековна историја, но неговите рани романи и раскази повеќе се сврстуваат во жанровите научна фантастика и хорор. Меѓутоа, неколку фантастични приказни се имаат појавено, како Ледениот змеј, што подоцна се претворил во илустрирана книга за деца под исто име. Во средните ’80-ти, Мартин во главно работел во Холивуд, првенствено како писател или продуцент на Нова зона на самракот и Убавицата и ѕверот.
Откако Убавицата и ѕверот завршил во 1989 година, Мартин се навратил на пишувањето проза и почнал да работи на научно фантастичен роман наречен Авалон. Во 1991 година, додека се мачел со оваа приказна, Мартин зачнал сцена каде неколку млади нашле мртов стравоволк со рог од елен во неговото грло. Стравоволкот имал родено неколку стравоволчиња, кои биле земени од страна на младите да ги изгледаат како свои. Имагинацијата на Мартин била распламтена од оваа идеја и почнал оваа сцена да ја развива во епско-фантастична приказна, која прво ја замислил како трилогија составена од романите Игра на тронови, Танц со змејови и Ветровите на зимата. Мартин очигледно првобитно не бил инспириран од жанрот фантазија, но читајќи го серијалот Сеќавања, тага и трња од Тед Вилијамс, го разубедил дека на фантазијата може да и се пристапи на повозразен и позрел начин отколку што некои писатели пред тоа направиле обиди.
Откако поминал подолго време пишувајќи и продуцирајќи пробна епизода за научно фантасична серија која ја создал, наречена Премини, Мартин продолжил со работата на Игра на тронови во 1994 година и ја завршил следната година, иако била само половина од првично замислениот план за првиот роман. Како резултат на тоа, со тек на време, Мартин евентуално го проширил неговиот план неговиот серијал да вклучува четири книги, потоа шест, за конечно да се реши за седум, бидејќи приказната „растела со текот на раскажувањето“, како што кажа тој, цитирајќи го мајсторот на епската фантазија, Џ. Р. Р. Толкин. Објавувањето на Игра на тронови следело во 1996 година. Во Обединетото Кралство, книгата била предмет на жестока наддавачка „војна“, која евентуално била победена од Harper Colins за 450.000 фунти (околу 33 милиони македонски денари). Предобјавувачкиот публицитет вклучувал објавување на „новела-примерок“ наречена Крвта на змејот, која во 1997 година ја доби наградата Хуго за Најдобра новела. За да ја собере Игра на тронови во еден том, Мартин ја повлекол последната четвртина од книгата и ја направил отворен дел за втората книга, објавена во 1998 година, Судир на кралеви. Во мај 2005 година Мартин рекол дека манускриптот за Игра на тронови бил долг 1088 страници, а Судир на кралеви бил дури и подолг од првиот, со 1184 страници.
Влијанија
уредиМартин признал дека им должи на делата на Џ. Р. Р. Толкин, Џек Венс и Тед Вилијамс. Според Мартин: „Иако се разликувам од Толкин на важни начини, јас не сум на второ место во мојата почит кон него. Ако погледнете во Господарот на прстените, започнува со мал фокус и сите ликови се заедно. До крајот на првата книга Дружината се распаѓа и тие имаат различни авантури. И јас го сторив истото нешто. Сите се во Винтерфел на почетокот, освен Дени, потоа се поделуваат во групи, а до крајот и тие групи се разделуваат. Намерата беше да бидат заедно, потоа да се разделат и на крајот повторно да бидат заедно. Наоѓањето на точка кога ќе се разделат беше еден од проблемите со коишто се борев.“
Серијалот се разликува од инспирацијата на Толкин поради поголемото користење на реалистични елементи. Додека Толкин бил инспириран од митологијата, Песна за лед и оган е јасно инспирирана од средновековната и раномодерната историја, поточно од Јакобитизмот и Војната на розите. Исто така, додека Толкин има тенденции кон романтични врски, Мартин повеќе пишува за секс, вклучувајќи инцест, неверство, проституција и силување.
Како резултат, нелегални деца играат клучни улоги низ серијалот. Ова разултирало серијалот да биде наведен како предводник на нов бран епска фантазија што следувал, а кој го прифатиле и автори како Скот Линч и Џо Аберкромби. На неговото мрежно место, Мартин го признал влијанието на историските приказни од писатели какви што се Бернард Корнвел и Џорџ Мек Доналд Фрејзер.
Наводи
уреди- ↑ Flood, Alison (април 13, 2011). „George RR Martin: Barbarians at the gate“. The Guardian. Архивирано од изворникот April 9, 2012. Посетено на January 21, 2012.
- ↑ Heen, Kent Erik (2013). A Perspective on the Unfamiliar: Epic Fantasy in George R.R. Martin's A Song of Ice and Fire. Institutt for språk og litteratur (Master thesis). стр. 89.
- ↑ Milne, Ben (April 4, 2014). „Game of Thrones: The cult French novel that inspired George RR Martin“. BBC. Архивирано од изворникот July 21, 2016. Посетено на April 6, 2014.
- ↑ Kamin, Debra (May 20, 2014). „The Jewish legacy behind Game of Thrones“. The Times of Israel. Архивирано од изворникот June 26, 2015. Посетено на May 31, 2015.
They struck gold, however, with their next attempt: a television series based on a French fantasy series which in turn was based on a seven-part set of stories by a French Jewish immigrant. Maurice Druon was born in France in 1918 to Jewish immigrants from Russia and first made a name for himself in the realm of academic journals.
- ↑ „How Game of Thrones achieved world domination... long before the TV show even aired“. The Independent. April 15, 2019. Архивирано од изворникот April 24, 2019. Посетено на April 28, 2019.
- ↑ „'George RR Martin revolutionised how people think about fantasy' | Books | The Guardian“. theguardian.com. Архивирано од изворникот December 17, 2017. Посетено на October 2, 2015.
- ↑ grrm (2017-01-16). „Another Precinct Heard From“. Not A Blog. Архивирано од изворникот на January 22, 2017. Посетено на 2017-02-18.
- ↑ Kain, Erik (April 30, 2012). „'Game of Thrones' Sails into Darker Waters With 'Ghost of Harrenhal'“. Forbes. Архивирано од изворникот June 5, 2013. Посетено на May 2, 2012.
Надворешни врски
уредиКнига:A Song of Ice and Fire | |
Книги се колекција на статии кои можат да бидат спуштени или нарачани за принтање. |
- George R. R. Martin's Official Website
- So Spake Martin, Collection of statements, correspondences and interviews by George R. R. Martin.
- Предлошка:Isfdb series
- Предлошка:IBList
- A Song of Ice and Fire на Curlie (англиски)