Песната на стариот морнар

поема на Семјуел Тејлор Колриџ од 1798 година

Песната на стариот морнар (англ. The Rime of the Ancient Mariner) — поема од англискиот поет Семјуел Тејлор Колриџ од 1797-66 г. и издадена во рамките на првото издание на Лирски балади (1797). Ова е најдолгата важна поема од овој автор.

Една од збирката метални гравурни илустрации од Гистав Доре

Преглед на заплетот

уреди

„Песната на стариот морнар“ зборува за натприродните случки искусени од еден стар морнар на долго поморско патешествие. Морнарот запира еден човек кој оди на венчална церемонија, и почнува да ја рецитира неговата приказна. Отпрвин човекот е збунет и нетрпелив, но потоа ова преоѓа во фасцинација за приказната која ја слуша.

Приказната започнува со тоа како неговиот брод отпловува; И поркај првобитната добра среќа, бура го носи бродот во погрешна насока и, одејќи јужно, стасува до Антарктикот. Еден албатрос, кој традиционално е добар предзнак, се појавува и ги избавува од страшната ледена земја; додека морнарите го фалат албатросот кого го додвел јужниот ветер, еден од нив го убива со самострел од непознати причини. Другите морнари потем му се налутуваат и потоа го обвинуваат за промената на времето. Ова злодело исто така га предизвикува натприродните духови кои потоа го гонат бродот; сега истот јужен ветер кој ги избавил од ледената земја, ги носи во непознати води каде бродот се смирува. Подоцна паѓа магла, и морнарите се премислуваат и го пофалуваат Морнарот што ја убил птицата која им донела магла.

Day after day, day after day,
We stuck, nor breath nor motion;
As idle as a painted ship
Upon a painted ocean.
Water, water, everywhere,
And all the boards did shrink;
Water, water, everywhere,
Nor any drop to drink.

Ден за ден, ден за ден,
Заглавени, едрата без ветре стојат;
Безработени ко обоен бродец,
Врз океанот во боја.
Вода, вода, насекаде вода
Се смали секоја стапка;
Вода, вода насекаде вода
За пиење немаше ни капка.

Препев: Драги Михајловски[1]

Меѓутоа сега морнарите повторно се премислуваат и го обвинуваат Морнарот за нивната жед, и за казна му го закачуваат албатросот околу врат. По некое време, се појавува брод-сениште. Во него се СМРТТА (костур) е „ноќната мора“ ЖИВОТ-ВО-СМРТТА (смртно бледа жена), кои фрлаат зарови за животите на морнарите. Со погоден број, Смртта ги добива животите на посадата, а пак Животот-во-смртта животот на морнарот, добивка која таа ја смета за повредна. Нејзиното име ни зборува за судбината на морнарот; тој ќе пропати многу повеќе од умирачка. Еден по еден, двесте морнари умираат, но Морнарот преживува, гледајќи го проклетството на лицата на умрените, кои ги носат изразите на лицата што ги имале кога се соочувале со смртта. По некое време, проклетството престанува, кога морнарот здогледува морски суштества како пловат. И покрај тоа што претходно ги нарекува „лигави суштества“, тој сега ја воочува нивната вистинска убавина и ги благословува; одеднаш, како што почнува да се моли, албатросот му паѓа од вратот и вината му е делумно опростена. Мртвите оживуваат со помош на добрите духови, кои отпловуваат накај дома, но притоа тие заедно со бродот тонат во вител, и Морнарот повторно останува сам. Како казна за неговото злодело, Морнарот мора да шета по земјата и да ја раскажува својата приказна за да ги подучува сите што ги среќава:

He prayeth best, who loveth best
All things both great and small;
For the dear God who loveth us,
He made and loveth all.

Најдобро се моли кој најдобро ги љуби
Големите и малите ствари;
Зошто Бог исто ги сака,
Созданија свои, и млади и стари.

Препев: Драги Михајловски[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Колриџ, Семјуел Тејлор (2014). Поезија : (избор). Преведено од Михајловски, Драги. Скопје: Макавеј.

Надворешни врски

уреди

Македонски

уреди

Странски

уреди