Отвори го главното мени
Албатрос
Black-browed albatross.jpg
Албатрос во лет (Thalassarche melanophris)
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Procellariiformes
Семејство: Diomedeidae
Распространетост (сина боја)

Албатрос e птицa што живее во субполарните води на Антарктикот, иако може да се сретне и во умерените, па и во тропските мориња.

ОписУреди

Неговото тело е покриено со бели пердуви, а со сивкасти пердуви на главата и вратот. Долгата горна површина на долгите и меки крилја, како и на кусата опашка, е темно кафеава, речиси црна. Преку очите, кон назад, има тенка темна линија. Возрасните птици имаат розово-жолт клун. Долната страна од крилјата исто така е темнa на рабовите.

Младите птици имаат сива боја на главата и вратот, и темен клун. На кратките нозе, помеѓу прстите имаат тенка кожичка што им помага при пливањето.

Телото на албатросот е долго околу еден метар, а распонот на крилјата достигнува два и пол метри. Најголемиот албатрос, албатросот скитник има распон на крилјата од три и пол метри. Тежината му се движи меѓу 8 и 12 кг.[1] Тој е еден од најдобрите летачи на океанот, кој најголемиот дел од животот го поминува летајќи над студените субполарни океани на јужната хемисфера. Понекогаш долетува и до европските брегови.

ИсхранаУреди

Се храни со морски риби и мекотелни животни.

РазмножувањеУреди

Се гнезди на пусти острови во големи колонии, каде во неугледни гнезда одгледува само едно младо. На копното доаѓа само кога се гнезди. Целиот живот го поминува со иста женка.

Просечниот животен век на еден албатрос е 80-85 години.[2] Кога еднаш ќе го напуштат гнездото можат во него да не се вратат и по 7 до 10 години.

Албатросот како тема во уметноста и во популарната култураУреди

  • „Албатрос“ - песна на францускиот поет Шарл Бодлер.[3]
  • „Албатрос“ (Albatross) - песна на британската рок-група „ПИЛ“ (Public Image Ltd.) од 1979 година.[4]

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. Albatross (Wandering) (анг.)
  2. Wildlife of Antartica (анг.)
  3. Шарл Бодлер, Цвеће зла. Београд: Култура, 1970, стр. 13.
  4. [https://www.youtube.com/watch?v=nLDL0G8U8Xo YouTube, Public Image Ltd. – Metal Box (FULL ALBUM | HQ SOUND) (пристапено на 29.5.2017)