Пернег

општина во Долна Австрија

Пернег (германски: Pernegg) — општина во округот Хорн, Долна Австрија. Во 2018 г. општината зафаќала вкупно 36,6 км2 и броела 701 жител.

Пернег
Pernegg
Грб на Пернег
ЗемјаАвстрија
ПокраинаДолна Австрија
ОкругХорн
Управа
 • ГрадоначалникФранц Хубер
Површина
 • Вкупна36,6 км2 (141 ми2)
Надм. вис.&10000000000000744000000744 м
Население (1 јануари 2014)[1]
 • Вкупно701
 • Густина1,9/км2 (5,0/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.3753
Повик. бр.02913
Манастирот во Пернег.

Географија

уреди

Општината е сместена во Шумската четврт на Долна Австрија, со положба во североисточниот дел на земјата. Околу 43 % од Пернег е зафатен со шуми.

Населени места

уреди
 
Статуа на светецот Јован Непомучки во капела крај патот Пернег - Поселсдорф.

Општината опфаќа осум села, тука наведени со нивните атарски површини (во хектари) по податок од 2016 г.[2], населението според состојбата на 1 јануари 2018[3]) и нивните изворни имиња:

  • Ецелсрајт (Etzelsreith; 243,38 ха, 36 жит.)
  • Лендорф (Lehndorf; 358,90 ха, 33 жит.)
  • Лудвајсхофен (Ludweishofen; 216,63 ха, 57 жит.)
  • Недерсдорф (Nödersdorf; 340,20 ха, 80 жит.)
  • Пернег (Pernegg; 691,06 ха, 207 жит.)
  • Поселсдорф (Posselsdorf; 594,67 ха, 81 жит.)
  • Рајсдорф (Raisdorf; 644,50 ха, 131 жит.)
  • Штанингерсдорф (Staningersdorf; 567,78 ха, 76 жит.)

Историја

уреди

Првиот писмен наод за Пернег го среќаваме во 1112 г. од летописот на манастирот „Св. Ѓорѓи“. Во 1230 г. местото добило право да биде трговиште[4].

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19231.269—    
19511.126−11.3%
1961997−11.5%
19711.007+1.0%
1981818−18.8%
1991782−4.4%
2001744−4.9%
2011703−5.5%
2018701−0.3%

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Statistik Austria - Bevölkerung zu Jahres- und Quartalsanfang, 2014-01-01.
  2. Bundesamt für Eich- und Vermessungswesen, Regionalinformation, 31 декември 2016 г. посет. 19 февруари 2017 г. г
  3. Статистика Австрија: Население на 1 јануари 2018 г. по населени места, (Ексел)
  4. „Willkommen in der Marktgemeinde Pernegg im Waldviertel“. Посетено на 2016-02-06.

Надворешни врски

уреди