Пелопонеско востание (1770)
Пелопонеското востание претставува востание против Османлиското Царство од страна на грчкото население на Пелопонез по иницијатива на рускиот гроф Орлов кој бил командант на поморските сили во текот на Руско-турската војна[1].
Пелопонеско востание | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
* грчки востаници Русија | Османлиско Царство |
Заднина
уредиВо времето кога Османлиското Царство значително ги губила своите позиции, руски емисари биле испратени во Мани кон средината на 1760-тите за да направат сојуз со месното население за борба против турската власт. Руските емисари исто така го контактирале на грчкиот бродски магнат Даскалогијанис на Крит. Во 1769 година, во времето на руско-турската војна, една флота од 14 бродови на чело со Алексеј Орлов испловила од Балтичко Море кон Средоземјето. Флотата пристигнала на Мани во 1770 година. Руските војници останале да им помогнат на востаниците, додека флотата отпловила кон Егејско Море.
Тек
уредиНа почетокот од востанието, грчката војска забележила успех. Набргу востанието се проширило во остатокот од Грција, без Крит. На чело на востанието и официјално застанал Јоанис Влахос познат како Даскалогијанис. Јоанис Влахос своето образование го стекнал во странство а по враќањето на Крит работел како градски службеник. Станал сопственик на трговски бродови кои пловеле низ Медитеранот. оанис се согласил да го финансира востанието против турските власти. Но поддршката која била ветена од руска страна никогаш не пристигнала на Крит а востаниците биле оставени сами да војуваат. Со помош на грчките жители на островот, руската флота била во можност да постигне голема победа против турската морнарица во битката на Чешме, но тоа не им помогнало на грчката армија во Мореја. Востанието започнало на 25 март 1770 година и за кратко време Крит бил скоро целосно ослободен. Но турските власти испратиле дополнителни сили и востанието бргу било задушено, а самиот Јоанис бил заробен со група од околу 70 бунтовници и погубен во јуни 1771 година.
По востанието
уредиОд руска гледна точка, востанието било успешно поради уништување на турската флота, но од грчка страна востанието било погубно поради турската одмазда која следувала. Грците биле заборавени во Кучуккајнарџискиот договор, а по овој настан Грците кон Русите гледале кон недоверба, па самата интелигенција се свртела кон Велика Британија и Франција.