Педро Доминго Муриљо

боливиски деец за независност

Педро Доминго Муриљо (шпански: Pedro Domingo Murillo; 17 септември 175729 јануари 1810) бил боливиски патриот и една клучните личности за независност на Горно Перу, денес Боливија, за време на боливиската војна за независност.

Педро Доминго Муриљо
Водич на Лапаската револуција
На должноста
16 јули 1809 – 30 септември 1809
Лични податоци
Роден(а) 17 септември 1757
Ла Пас, Боливија
Починал(а) 29 јануари 1810 (52 години)
Ла Пас, Боливија
Националност  Боливија
Партија Патриот

Животопис

уреди

На 17 септември 1757 година се родил Педро Доминго Муриљо во Ла Пас, тогашно Горно Перу, а денес Боливија. Неговиот татко Хуан Кириако Муриљо бил по потекло од поелитно семејство во Ла Пас, а неговата мајка била со староседелски корени. Хуан Кјарико учел за свештеник во католичка црква, а набрзо по раѓањето на Педро станал и свештеник. Хуан се грижел за неговото образование. Денес се верува дека Педро учел во Семинарскиот колеџ Сан Карлос во Ла Пас. Подоцна Педро се запишал на Универзитетот Сан Франсиско Хавиер од Чукисака, каде изучувал право, но го напуштил факултетот пред да го заврши. На 21 година тој се оженил со Олмедо Мануел де ла Коча во Потоси. После 3 години семејството се преселило во Ирупана, и се верува дека до тој момент имал барем 2 деца.

Уште од раните колонијални денови, контролата во Горно Перу од страна на шпанските власти била силна. Во 1780 година се одвил бунтот на Тупак Амару II. Муриљо помогнал да се совлада тој бунт и така тој бил назначен за поручник на милицијата.

Пет години подовна умрел Хуан Кириако Муриљо оставајќи го своето богатство на децата на Педро. За ова се побунила тетката на Педро, сестрата на татко му, Каталина Фелипе и покренала судска постапка. За време на постапката Муриљо лажно изјавил дека има завршено право. Тој го изгубил спорот и започнал да работи во рударската индустрија.

Активизам

уреди

Кога Франција навлегла во Шпанија за време на Наполеоновите војни и кога паднал од власт Фернандо VII, помеѓу населението во Новиот Свет се појавиле немири и негодувања. Дополнително на тоа, помеѓу леѓето сè уште биле свежи сеќавањата за насилната надвалст врз староседелците во Горно Перу. Во 1805 година бил дел од група која заговарала против шпанската власт, но бил откриен и донесен пред суд.

Регионалната влада на Горно Перу во Чукисака, Кралска аудиенција Чаркас, се загрижила за лојалноста на локалната власт. Многу набрзо се формирала хунта на 25 мај 1809 година. Во ситуација кога клалот не бил на власт, логиката на луѓето во Горно Перу ги насочувала на самоуправување. Самоопределувачко движење се појавило во регионот. Во меѓувреме, Муриљо заговарал и во Ла Пас, каде на 16 јули предводел востание. Востанието основало „заштитничка хунта“ („хунта туитива“, Junta Tuitiva) и барањето на Муриљо било независност на Горно Перу од Шпанија и ништо друго.

Овој бунт, револт или револуција е една од првите во Латинска Америка против Шпанската Империја. Монархијата ја увидела опасноста од ваквите движења и испратила кралски трупи во Боливија, дел од Перу а дел од Буенос Аирес. Набрзо овој бунт бил згаснат. Муриљо морал да пребега, но бил фатен од властите. На 29 јануари бил обесен со останатите од неговата дружба. На крајот од својот живот изјавил:

Сонародници, јас умирам, но тираните нема да можат да го изгаснат факелот кој го запалив. Да живее слонодата![1]

Литература

уреди
  • Cabrera, José Ramón Muñoz (1869). Galería de hombres célebres de Bolivia. Santiago: José Domingo Cortés. Посетено на March 18, 2011.

Наводи

уреди
  1. "Compatriotas, yo muero, pero la tea que he encendido ya no podrán extinguirla los tiranos. ¡Viva la libertad! (Murillo) - Cabrera, p. 186

Надворешни врски

уреди