Пашин амам (Солун)
амам во СОл
Пашин амам (грчки: Πασά Χαμάμ, турски: Pasha Hamam) — поранешна османлиска бања која се наоѓа во Солун, Грција.
Пашин амам Πασά Χαμάμ Pasha Hamam | |
---|---|
Општи податоци | |
Вид | амам |
Стил | османлиска архитектура |
Град | Солун, Егејска Македонија |
Земја | Грција |
Почната | 16 век |
Амамот се наоѓа меѓу улиците „Пиниос“, „Калвос“ и „П. Караџас“, во близина на црква „Св. Апостоли“.
Бањата била изградена во периодот од 1520 до 1530 година од Џезери Заде Коџа Касим Паша, еден од везирите на султаните Бајазит II и Селим I, кој бил назначен за гувернер на Солун, кога на престолот застанал Сулејман Величествениот. Во исто време, Касим Паша ја претворил црква „Св. Апостоли“ во џамија.