Паша-бегово турбе
Шестаголното турбе кое се наоѓа веднаш зад Алаџи-џамијата во Скопје, е изградено во 15 век. Ѕидовите завршуваат со венец украсен со фајансови плочки во темна и светлосина боја, кои обликуваат шестокраки ѕвезди. Од нив нагоре започнува куполата што го покрива турбето.
Во 1963 година земјотресот во Скопје предизвикал оштетувања на неколку места на турбето. Подоцна се преземени конзерваторски работи при што била извршена неговата санација и заштита. Врз основа на зачуваните делови од фајансните плочки биле изработени копии, кои заедно со неоштетените примероци денеска ја красат гробницата.