Патрик Ауда (англиски: Patrik Auda; роден на 29 август 1989, во Иванчице, Чешка) е чешки кошаркар, крилен центар на Јокохама Б-Корсејрс и на чешката репрезентација.

Патрик Ауда

Ауда (лево) играјќи за чешката репрезентација против Полска.
Ауда (лево) играјќи за чешката репрезентација против Полска.

Лични информации
Роден на 29 август 1989(1989-08-29)(35 г.)
Роден во Иванчице, Чешка
Националност Чешка Чешка
Висина 2,06 м
Тежина 107 кг
Позиција Крилен центар
Информации за кариерата
Колеџ Сетон Хал (2010-2014)
Драфт 2014 / Не драфтуван
Проф. кариера 2012—
Моментален клуб
Клуб Јокохама Б-Корсејрс Јокохама Б-Корсејрс
Број 1
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2014–2015
2015–2016
2016–2017
2017–2018
2018
2018–2019
2019–2020
2020–
Полфармекс Кутно Полфармекс Кутно
АЗС Кошалин АЗС Кошалин
Манреса Манреса
Роса Радом Роса Радом
Скандоне Авелино Скандоне Авелино
Пистоја Пистоја
Булазак Булазак
Јокохама Б-Корсејрс Јокохама Б-Корсејрс
Репрезентација
2015– Чешка Чешка

Колеџ кариера

уреди

Од 2010 до 2014 година, Ауда играл колеџ кошарка на Унивезитетот Сетон Хал за Сетон Хал Пајретс. Неговата последна сезона на колеџот била и најдобрата, бележејќи во просек 9,6 поени, 4,5 скокови и 1,5 асистенции. Во четвртфиналето на Big East конференцијата, Ауда уфрлил 13 поени во изненадувачката победа со 64-63 над најдобро рангираната екипа во регуларниот дел од сезоната, Виланова Вајлдкетс. Сепак, Пајретс биле елиминирани во полуфиналето од Провиденс Фрајрс.

Професионална кариера

уреди

Ауда се пријавил на НБА драфтот 2014, но не бил избран од ниту една екипа.

Истата година, тој потпишал договор со новиот полски прволигаш, Полфармекс Кутно. За оваа екипа одиграл 27 првенствени натпревари со просек од 13,7 поени, 4,3 скокови и 1,6 асистенции.

На 21 август 2015, тој потпишал за друга полска екипа, АЗС Кошалин.[1] Во Кошалин добил поголема минутажа и ја поправил својата статистика просечно бележејќи 14,4 поени и 6,5 скокови. Својот најдобар натпревар во дресот на Кошалин го одиграл на 17 октомври 2015, кога во победата по продолженија со 75-74 над Трефл Сопот забележал дабл-дабл од 27 поени и 12 скокови.[2][3]

На 22 март 2016 година, тој го раскинал договорот со клубот од Кошалин за да се приклучи на шпанската Манреса.[4] Дебитирал во АЦБ лигата на 28 март 2016 во гостинската победа над Ховентут со 63-76, за која придонесол од клупата со 11 поени и 6 скокови за 18 минути минати на паркетот.[5] До крајот на сезоната 2015-2016, Ауда одиграл 10 натпревари во шпанската лига со просек од 9,1 поени и 4,6 скокови. На почетокот на следната сезона, 2016-2017, Ауда бил избран за МВП на второто коло на АЦБ лигата за својот настап во победата на гостувањето кај Севиља;[6] чешкиот крилен центар постигнал 19 поени - со шут од игра 3/3 за два поени и 3/4 за три поени - и 9 скокови на тој натпревар.[7][8] Сезоната 2016-2017 со Манреса ја завршил со 25 одиграни натпревари во шпанското првенство бележејќи во просек 9,6 поени и 3,9 скокови.

На 12 јули 2017 година, Ауда се вратил во полското првенство откако станал играч на Роса Радом.[9] На 27 декември 2017, забележал дабл-дабл учинок во поразот со 102-97 на гостувањето кај Старт Лублин со 17 поени и 13 скокови.[10][11] За екипата на Роса Радом одиграл 35 натпревари во полското првенство во сезоната 2017-2018 со просек од 13,1 поени, 4,7 скокови, 1,2 асистенции. Исто така играл и во Лигата на шампионите каде имал просек 12,3 поени и 5,9 скокови на 16 одиграни натпревари.

На 7 мај 2018 година, потпишал краткорочен договор вреден до крајот на сезоната 2017-2018 со италијанската екипа Скандоне Авелино.[12] Тој одиграл само четири натпревари за клубот, сите во првата рунда на плејофот на италијанската лига против Аквила Баскет Тренто, бележејќи просечно 12,3 поени и 2,5 скокови. На 13 јули 2018, Ауда потпишал за друга италијанска екипа, Пистоја, во пресрет на сезоната 2018-2019.[13] Дебитирал на 7 октомври 2018, реализирајќи 15 поени во поразот со 83-77 на гостувањето кај Викторија Либертас Пезаро.[14] На 4 ноември 2018, регистрирал дабл-дабл учинкок со 17 поени и 11 скокови во натпреварот против Алма Трст.[15] Сезоната 2018-2019 ја завршил со 26 одиграни натпревари и просек од 11,4 поени и 4,7 скокови.

Во 2019 година, Ауда потпишал договор со француската екипа Булазак, кој бил раскинат во јули 2020 година.[16] На 3 август 2020, како слободен играч се преселил во јапонската Јокохама Б-Корсејрс.[17]

Репрезентативна кариера

уреди

Во 2014 година, Ауда играл за чешката репрезентација во квалификациите за Европското првенство 2015. Следната година, тој ја претставувал својата земја на Евробаскетот 2015, каде играл во сите 9 натпревари на својата земја бележејќи во просек 4,1 поени и 1,6 скокови. Чесите стигнале до четвртфиналето, каде биле елиминирани од Србија.

Две години подоцна, тој настапил на Европското првенство 2017, каде во просек имал 11,2 поени, 2,4 скокови, 1 асистенција и 1,2 украдени топки по натпревар. Сепак и покрај одличната статистика тој не можел да и помогне на својата репрезентација да ја мине првата фаза, завршувајќи на петтото место во групата со само една победа и четири порази.

Во 2019 година, Ауда играл за чешката репрезентација и на мундијалот во Кина. Во третиот натпревар од групната фаза кој одлучувал која репрезентација ќе мине во втората фаза, Ауда одиграл одлично со 16 поени и 9 скокови водејќи ја Чешка до победата од 91-78 над Турција. Чешка стигнала до четвртфиналето, каде Ауда уфрлил 21 поен, но тоа не било доволно да ја совладаат репрезентацијата на Австралија која победила со 82-70.

Статистика

уреди

Колеџ

уреди
Сезона Екипа Лига ОН С5 МПН ШИ% 3П% СФ% СкПН АсПН УкПН БлПН ППН
2010-2011   Сетон Хал Пајретс NCAA 24 1 15,3 46,4% 40,7% 66,7% 2,5 0,5 0,4 0,4 3,2
2011-2012   Сетон Хал Пајретс NCAA 34 26 24,0 50,3% 33,3% 65,1% 4,0 1,1 0,7 0,3 6,8
2012-2013   Сетон Хал Пајретс NCAA 5 2 25,4 50,0% 16,7% 62,5% 3,4 1,2 0,6 0,4 7,6
2013-2014   Сетон Хал Пајретс NCAA 27 21 24,4 53,6% 33,3% 75,8% 4,5 1,5 0,6 0,4 9,6
Вкупно во кариерата 90 50 22,2 50,0 31,0 67,5 3,6 1,0 0,5 0,3 6,8

Национални првенства

уреди
Сезона Екипа Лига ОН С5 МПН ШИ% 3П% СФ% СкПН АсПН УкПН БлПН ППН
2014-2015   Полфармекс Кутно ПКЛ 27 24 26,9 60,0% 26,0% 80,5% 4,3 1,6 0,7 0,2 13,7
2015-2016   АЗС Кошалин ПКЛ 26 11 28,4 49,3% 34,8% 75,0% 6,5 1,5 0,9 0,4 14,4
2015-2016   Манреса АЦБ 10 7 23,6 42,0% 37,5% 79,4% 4,6 0,6 0,7 0,2 9,1
2016-2017   Манреса АЦБ 25 21 23,9 52,7% 48,6% 81,4% 3,9 0,8 0,4 0,0 9,6
2017-2018   Роса Радом ПКЛ 35 21 23,2 55,7% 33,9% 76,0% 4,7 1,2 0,5 0,2 13,1
2017-2018   Скандоне Авелино Серија А 4 0 17,8 67,9% 78,6% 2,5 0,0 0,5 0,3 12,3
2018-2019   Пистоја Серија А 27 22 25,0 52,2% 35,5% 69,1% 4,6 0,9 0,6 0,2 11,2
2019-2020   Булазак Про А 25 19 22,0 61,2% 50,0% 71,0% 3,7 0,8 0,3 0,2 12,4
2020-2021   Јокохама Б-Корсејрс Б.Лига 53 21 25,4 56,4% 39,6% 62,5% 5,5 2,0 0,6 0,3 15,6
Вкупно во кариерата 232 146 24,0 55,2% 33,9% 74,8% 4,4 1,1 0,5 0,2 12,3

Меѓународни турнири

уреди
Сезона Екипа Лига ОН С5 МПН ШИ% 3П% СФ% СкПН АсПН УкПН БлПН ППН
2017-2018   Роса Радом Лига на шампиони 16 16 24,8 54,9% 15,8% 71,6% 5,9 0,9 0,8 0,0 12,3
Вкупно во кариерата 16 16 24,8 54,9% 15,8% 71,6% 5,9 0,9 0,8 0,0 12,3

Наводи

уреди
  1. „Auda zagra w AZS!“ (полски). azs.koszalin.pl. 21 април 2015. Архивирано од изворникот на 2018-09-04. Посетено на 2021-07-05.
  2. „Wygrali po dogrywce. AZS Koszalin - Trefl Sopot 75:74“. koszalin.naszemiasto.pl. 19-10-2015. Посетено на 5 јули 2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. „AZS Koszalin - Trefl Sopot 75:74“. ekoszalin.pl. 17-10-2015. Посетено на 5 јули 2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „Auda przenosi się do Hiszpanii“ (полски). azs.koszalin.pl. 22 март 2016. Архивирано од изворникот на 2022-06-25. Посетено на 2021-07-05.
  5. „El Manresa aparca su crisis ganando en Badalona“ (шпански). marca. 28 март 2016.
  6. „Semana grande de Llull: MVP compartido con Patrik Auda“ (шпански). AS. 28 март 2016.
  7. „Regular Season Round 2: Sevilla - Manresa 75-80“. eurobasket.com. 6 октомври 2016. Посетено на 5 јули 2021.
  8. „75-80: El Manresa sorprende en Sevilla“. mundodeportivo. 6 октомври 2016. Посетено на 5 јули 2021.
  9. „Auda wraca do Polski“ (полски). plk.pl. 13 јули 2017. Архивирано од изворникот на 2021-07-11. Посетено на 2021-07-05.
  10. „TBV Start Lublin – Rosa Radom 101:97. Gwiazdy poległy po dogrywce“. dziennikwschodni.pl. 27 декември 2017. Посетено на 5 јули 2021.
  11. „Regular Season Round 13: TBV Start - Rosa 101-97“. eurobasket.com. 27 декември 2017. Посетено на 5 јули 2021.
  12. „Sidigas Avellino – Ufficializzato Patrik Auda. Alberani: "Giocatore duttile ed energico, il nostro roster è stato arricchito" (италијански). sportavelino. 7 мај 2018. Посетено на 6 јули 2021.
  13. „UFFICIALE – Pistoia annuncia Patrik Auda“ (италијански). Basket Inside. 13 јули 2018. Посетено на 6 јули 2021.
  14. „Regular Season Round 1: VL Pesaro - Pistoia Basket 83-77“ (англиски). Eurobasket. 7 октомври 2018. Посетено на 6 јули 2021.
  15. „Regular Season Round 1: Alma TR - Pistoia Basket 96-79“ (англиски). Eurobasket. 4 ноември 2018. Посетено на 6 јули 2021.
  16. „Patrik Auda n'est plus Boulazacois“. Boulazac Basket Dordogne. 14 јули 2020. Посетено на 6 јули 2021.
  17. „Yokohama B-Corsairs reportedly signing Patrik Auda“ (англиски). Sportando. 3 август 2018. Посетено на 6 јули 2021.

Надворешни врски

уреди