Пасхалис Терзис (грчки: Πασχάλης Τερζής) (роден на 1949 година во Солун) е грчки пејач. И покрај тоа што неговата кариера започнала во 1972 година, првиот албум го издал во 1982 година. Карирата ја започнал пеејќи заедно со негови блиски пријатели по разни локали, некои од кои подоцна му помогнале во неговата акриера. По преселувањето му во Атина, тој започнал да настапува во неколку музички центри, со познати грчки пејачи од 1960-тите.

Пасхалис Терзис
Πασχάλης Τερζής
Елена Папаризу со Пасхалис Терзис
Животописни податоци
Роден(а)Солун
ПотеклоГрција

По издавањето на своите први албуми, тој станал еден од најпопуларните пејачи во Грција. Во текот на 2006-2007 година имал музичка емисија заедно со Елена Папаризу. Неговата ќерка, Јана Терзис исто така е пејачка[1].

Наводи уреди

  1. Staff (May 28, 2008). "Ταξιδέψτε" με τη Γιάννα Τερζή“ (грчки). MAD TV (Greece). Архивирано од изворникот на 2012-10-02. Посетено на January 28, 2010. Text "MAD TV]]" ignored (help)