Паситеја

харита во старогрчката митологија

Паситеја во старогрчката митологија е една од харитите (грациите). Харитите вообичаено се сметаат за ќерки на Зевс и Евринома, но според поетот Нон, нејзини родители се Хера[1] и Дионис.[2] Таа била мажена за Хипнос, богот на сонот.[3]

Трите грации, од Антонио Канова (Ермитаж, Санкт Петербург)

Семејство

уреди

Нејзини сестри се Аглаја („убавината“), Ефросина („радоста“) и Талија („задоволството“). Во римската митологија тие се познати како Грации.

Во четиринаесеттото пеење на Илијадата од Хомер, Хера ѝ ветува на Паситеја дека ќе ја омажи за Хипнос ако ѝ направи една услуга.

Иако грациите (харитите) обично се три, кај Спартанците, не Талија, туку Клета е третата, а се спомнуваат и други: Евклеја, Евтенија, Ефема, Филофросина, Ауксо, Харита, Хегемона, Фена.

Паситеја е име и на една од Нереидите.[4]

Поврзано

уреди
  • Паситеја — месечина на Јупитер наречена по оваа харита

Наводи

уреди
  1. Nonnus, Dionysiaca, 31.103 ff.
  2. Nonnus, Dionysiaca, 15.87 ff.; 33.4 ff.
  3. Хомер, Илијада, 14.268, 276
  4. Хесиод, Теогонија


Надворешни врски

уреди