Парoбродот Бил Помладиот (филм)
„Паробродот Бил Помладиот“ (англиски: Steamboat Bill, Jr.) — американски филм од 1927 година, во режија на Чарлс Рајснер (неговиот прв самостојно продуциран долгометражен филм). Главните улоги ги толкуваат: Бастер Китон, Ернест Торенс и Марион Бајрон.
Синопсис
уредиПо даденото ветување на мајка си, Вилијам Канинг Помладиот заминува да се запознае со својот татко кого не го видел уште од времето кога бил мало дете. Младиот Канинг не е онаков како што очекувал татко му, кој пак има големи проблеми, зашто е избркан од работа од страна на Ј. Ј. Кинг, кој не само што е сопственик на локалниот хотел и на банката, туку неодамна го претставил и новиот пароброд кој потполно ќе го посрамоти стариот брод на Канинг Постариот. Во меѓувреме, Вилијам Канинг Помладиот се вљубува во Кити Кинг, ќерката на Ј. Ј. Кинг. Кога реката ќе ја зафати голема бура, Вилијам Помладиот ги спасува Кити, нејзиниот и својот татко.[1]
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |