Партија на Југословените во Република Македонија

Партија на Југословените во Република Македонија (ПЈРМ) — поранешна македонска политичка партија.

Партија на Југословените во Република Македонија
(ПЈРМ)
Основанамај 1990
ШтабСкопје
Идеологијазачувување на Југославија
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Историја

уреди

Регистрирана во мај 1990 како Партија на Југословените, главната политика на партијата било зачувувањето на Југославија. Партијата учествувала самостојно на парламентарните избори во 1990 г., каде што во првиот круг освоила 1,6% од гласовите, односно 1,7% во вториот круг. На овие избори партијата освоила две пратенички места[1] (Ристо Келешов во Куманово и Ристо Стаменов во Струмица)

Партијата подоцна била преименувана во Југословенска унионистичка граѓанската алијанса (ЈУГА), и по распадот на Југославија и независноста на Македонија, партијата учествувала во наредните избори од 1994 г. но не освила ниедно пратеничко место.[2]

Наводи

уреди
  1. Nohlen, D & Stöver, P (2010) Elections in Europe: A data handbook, стр. 1282 ISBN 978-3-8329-5609-7
  2. Nohlen & Stöver, стр. 1281

Надворешни врски

уреди