Партија за социјалистичко единство на Западен Берлин
Партија за социјалистичко единство на Западен Берлин (германски: Sozialistische Einheitspartei Westberlins) била комунистичка политичка партија во Западен Берлин. Партијата била основана на 24 ноември 1962, кога западно-берлинската локална организација на Партијата за социјалистичко единство на Германија (SED, СЕД) се одвоила од главната партија. До 1969, партијата била позната како Партија за социјалистичко единство на Германија - Западен Берлин (Sozialistische Einheitspartei Deutschlands - Westberlin). Герхард Данелиус бил претседател на партијата до 1978.
Партија за социјалистичко единство на Западен Берлин | |
Sozialistische Einheitspartei Westberlins | |
Идеологија | Комунизам |
---|---|
Весник | Die Wahrheit |
Политичка ориентираност | Левица |
Поврзано | Политика на Германија |
Младинската лига на партија била позната како „Социјалистичка младинска лига Карл Либкнехт“. Партијата имала дневен весник наречен „Die Wahrheit“.
Во времето на германското обединување, партијата била соединета со Партијата за демократски социјализам на Германија.
Изборни резултати за Домот на претставниците на Запaден Берлин
уреди- 1954 - 41 375 (2,7 %, како ПСЕГ)
- 1958 - 31 572 (2,0 %, како ПСЕГ)
- 1963 - 20 929 (1,4 %)
- 1967 - 29 925 (2,0 %)
- 1971 - 33 845 (2,3 %)
- 1975 - 25 105 (1,8 %)
- 1979 - 13 744 (1,1 %)
- 1981 - 8 176 (0,6 %)
- 1985 - 7 731 (0,6 %)
- 1989 - 6 875 (0,6 %)