Партија на правдата и развојот
Партијата на праведноста и развојот (турски: Adalet ve Kalkınma Partisi или скратено AKP) е актуелната партија на власт во Република Турција. Партијата била основана на 14 август 2001 година од страна на тогаш поранешниот градоначалник на Истанбул, Реџеп Таип Ердоган, денешен премиер на Турција. Во моментот партијата го формира мнозинството во турскиот парламент со 353 пратеници.
Партија на правдата и развојот | |
---|---|
Водач | Реџеп Таип Ердоган |
Основана | август 14 2001 |
Штаб | Анкара, Турција |
Идеологија | Економски либерализам[1] конзервативизам[1] |
Полит. положба | десен центар[2][3][4][5][6] |
Меѓународна припадност | Нема |
Европска припадност | Европска народна партија (observer) |
Бои | Жолта, портокалова, сина, бела |
Парламент: | 291 / 600
|
Општини: | 1.452 / 2.919
|
Мрежно место | |
Official Site | |
Политика на Турција Политички партии Избори |
Партијата се опишува главно како конзервативна која се залага за либерализација на турското општество. Како главна цел на партијата е членството на Турција во ЕУ. Во текот на нивното владеење биле преземени голем број на реформи во најразлични области, а како најголеми се сметаат укинување на смртната казна и укинување на законот според кој курдскиот јазик бил забранен во земјата. Како таква, таа е прифатена од голем број на земји од Западна Европа и САД, честопати споредувана како единствен модел за слични партии кои во иднина би требало да бидат формирани во ислмскиот свет.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 http://www.akparti.org.tr/parti-programi_79.html
- ↑ Jones, Gareth (22 July 2007). „Turkey goes to polls amid violence and fears of Islamism“. The Independent. Посетено на 28 February 2011.
- ↑ „Q&A: How will the result change Turkey?“. BBC News. 15 November 2002. Посетено на 28 February 2011.
- ↑ Strauss, Delphine (21 May 2010). „Turkish Gandhi chosen to lead opposition“. Financial Times. Посетено на 28 February 2011.
- ↑ Jones, Gareth (21 May 2007). „Turkey's AK Party struggles to hold center ground“. Reuters. Посетено на 28 February 2011.[мртва врска]
- ↑ „Turkish parliament votes on Gul presidency - again“. Daily Mail. 20 August 2007. Посетено на 28 February 2011.