Парк Жи-Сунг

(Пренасочено од Парк Џи-Сунг)

Парк Жи-Сунг (Hangul: ; Hanja: ; Предлошка:IPA-ko; роден на 25 февруари 1981) — поранешен Јужнокорејски фудбалер, кој играл како играч од средниот ред за англискиот клубМанчестер Јунајтеди, моментално амбасадор на клубот од Олд Трафорд. Тој исто така бил капитен на Јужно Корејската репрезентација сè до неговото повлекување од репрезентативниот фудбал. Тој е најтрофејниот азиски фудбалер во историјата, како прв Азиски играч што ја освоил титулата во Лигата на Шампионите и прв азиски играч кој играл во финалето од Лига на шампионите.

Јужна Кореја Парк Жи-Сунг
Park Ji-Sung
Парк на Г-20 самитот во Сеул во 2010 година
Лични податоци
Роден на 25 февруари 1981
Роден во Сеул, Јужна Кореја
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед (глобален амбасадор)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000-2002 Кјото Прпл Санга 76 (13)
2002-2005 ПСВ 64 (14)
2005- 2012 Манчестер Јунајтед 134 (19)
2012-2014 КПР 20 (0)
2013-2014 ПСВ (позејмен) 23 (2)
Репрезентација
2000-2011 Јужна Кореја Јужна Кореја 100 (13)
* Ажурирано на: 15 февруари 2012
** Ажурирано на: 15 февруари 2012

Парк ја започнал својата фудбалска кариера во родната Јужна Кореја и играл за Мијонги универзитет тимот тим пред да се пресели во Јапонија да игра за Кјото Прпл Санга. По заминувањето на селекторот на репрезентацијата на Јужна Кореја, Гус Хидинк, кој се вратил во Холандија да го преземе ПСВ Ајндховен, Парк заминал во холандскиот тим исто така, една година подоцна. По достигнуваето на ПСВ до полуфиналето на Лигата на Шампионите, талентот на Парк бил увиден од страна на менаџерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон и тој потпишал со него за одредена цена од околу £ 4.000.000 во јули 2005 година . Од тогаш, Парк е освојувач на Премиер лигата четири пати и ја има освоено Лигата на Шампионите и ФИФА Светското Клупско првенство. Парк бил способен да игра насекаде во средниот ред и бил познат по неговото исклучително фитнес ниво, дисциплина, работна етика и феноменалното движење без топка.

Како член на репрезентацијата на Јужна Кореја, Парк одиграл 100 меча и постигнал 13 голови, бил член на тимот кој завршил четврти на Светското Првенство во 2002. Тој, исто ја претставувал неговата нација на Светското Првенство во 2006 и бил капитен на Светското Првенство во 2010. Парк постигнал во сите три последователни турнири (првиот јужнокорејски и само вториот азиски играч кој успеал да го стори тоа) и во моментов е водечки стрелец на Азија на сите времиња на Светските првенства со три гола, заедно со неговиот сонародник Ан Јунг-Хван, и репрезентативецот на Саудиска Арабија, Сами Ал-Џабер. По Азискиот куп 2011, на 31 јануари 2011 година, Парк најави дека ќе се повлече од репрезентативниот фудбал на прес-конференцијата.

На 23 февруари 2012 Парк ја носел капитенската лента на Манчестер Јунајтед за првпат во својата кариера во мечот со Ајакс во Лига Европа.

Титули

уреди

ПСВ Ајндховен

уреди

Ередивизија  : 2002/03, 2004/05

КНВБ Куп  : 2004/05

Манчестер Јунајтед

уреди

Премиер лига  : 2006/07, 2007/08, 2008/09, 2010/11

Лига на Шампиони  : 2007/08

Лига куп  : 2005/06, 2008/09, 2009/10,

ФА Комјунити Шилд  : 2010, 2011

ФИФА Светско Клупско првенство : 2008

Надворешни врски

уреди