Паразит (филм)

филм од 2019

Паразит (англиски: Parasite) — јужнокорејски филм од 2019 година, во режија на Понг Џун Хо (Bong Joon Ho). Во глвните улоги настапуваат: Сонг Канг Хо (Song Kang Ho), Ли Сун Кјун (Lee Sun Kyun), Чо Јо Џонг (Cho Yeo Jeong), Чои Ву Шик (Choi Woo Shik) и Парк Со Дам (Park So Dam). Самиот режисер го опишал филмот како „комедија без кловнови и трагедија без негативци“. Во 2019 година, филмот ја освоил „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал, како првиот јужнокорејски филм што се закитил со оваа награда. „Паразит“ претставува смеса од повеќе жанрови: црна комедија, социјална драма, сатира, хорор и трилер. Филмот претставува возбудливо и непредвидливо остварување со јасна социополитичка позиција. Сепак, неговата раскошност непотребно завршува со премногу долг и разводнет крај.[2]

„Паразит“
Плакатот на македонски јазик
РежисерПонг Џун Хо
Продуцент
  • Квак Син Е
  • Мун Јанг Квон
  • Понг Џун Хо
  • Џанг Јонг Хван
Главни улоги
МузикаЏунг Џе
КинематографијаХонг Кјунг Пјо[1]
МонтажаЈанг Џин Мо
СтудиоBarunson E&A
ДистрибутерCJ Entertainment
Премиера30 мај 2019 г. (Јужна Кореја)
Времетраење132 минути
ЗемјаЈужна Кореја Јужна Кореја
Јазик
Буџет11,4 милиони долари
Бруто заработка262,1 милиони долари
Местото за снимање на филмот во тунелот Јахамун во Сеул.

Содржина

уреди

Четиричленото семејство Ки Тек живее во влажен подрумски стан и секојдневно ги гледаат минувачите по тротоарот. Членовите на семејството се невработени, а заработуваат така што склопуваат кутии за пица. Еден ден, синот Ки Ву добива работа како приватен учител по англиски јазик во едно богато семејство кое живее во раскошна куќа на ридот. Служејќи се со итрини, другите членови на семејството успеваат да ги избркаат слугите во куќата и да ги заземат нивните места. Така, сестрата станува инструкторка за „уметничка терапија“, таткото — шофер, а мајката — домашна помошничка. Еден викенд, богатото семејство заминува на одмор и членовите на семејството Ки Тек добиваат можност да уживаат во благодетите на раскошната куќа...[3]

Улоги

уреди
Глумец Улога
Сонг Канг Хо Ким Ки Тек (господин Ким)
Ли Сун Кјун Парк Донг Ик (Нејтан)
Чо Јо Џонг Чои Јон Гјо (Мадам)
Чои Ву Шик Ким Ки Ву (Кевин)
Парк Со Дам Ким Ки Џунг (Џесика)
Џанг Хје Џин Чунг Сук

Наводи

уреди
  1. „BONG Joon-ho's PARASITE Claims Early Sales“. Korean Film Biz Zone (англиски). Архивирано од изворникот на 4 February 2019. Посетено на 3 February 2019.
  2. Ѓорѓи Јаневски, „Паразит“, Економија и бизнис, година 21, број 255, ноември 2019, стр. 116-117.
  3. Ѓорѓи Јаневски, „Паразит“, Економија и бизнис, година 21, број 255, ноември 2019, стр. 116.

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>