Виктор Апостоловски
Виктор Апостоловски (12 февруари 1991, во Битола) — македонски пејач.[1][2][3]
Виктор Апостоловски | ||
Роден | 12 февруари 1991 Битола | |
---|---|---|
Познат | поп пејач |
Животопис
уредиВиктор потекнува од музичко семејство. Неговите татко и дедо се занимавале со музика, неговата мајка поседувала талент за пеење, иако никогаш не го искористила професионално, а неговиот брат бил државен шампион во латино-американски и стандардни танци.
Како дете, имал збиен распоред на активности. Покрај школските активности, тренирал кошарка и пливање 10 години. Со кошаркарскиот тим биле државни шампиони двапати, а исто така имал бројни медали во пливање, вклучувајќи 6 златни, 8 сребрени и 3 бронзени.
Покрај редовното училиште, посетувал и нижо музичко училиште, насока клавир, а на 14 години се запишал во средното музичко училиште во Битола, отсек оперско пеење. Паралелно глумел во театарот во Битола, во повеќе претстави меѓу кои: Виолина на покривот, Хераклеа и Ликиниј, Зет за Христина и многу други.
По завршување на средното образование, продолжил да студира оперско пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Виктор имал освоено две први места на државни натпревари по солфеж, и две трети места во државни натпревари по оперско пеење. Со хорот во кој пеел, освоиле две гран при на меѓународен хорски натпревар во Полска во 2010 и 2012. Исто така имал освоено втора награда на меѓународниот фестивал за поп музика, Мелфест 2008.
Виктор на пошироката јавност станал познат по учеството во Македонски идол, каде што завршил во топ 4, и бил еден од фаворитите на публиката.
Во понатамошната кариера, ги објавил следните песни:
1. You were mine
2. She’s beautiful
3. PMS
4. Не се предавам
Наводи
уреди- ↑ eMinor. „Viktor Apostolovski | Pop from Bitola, MK“. ReverbNation (англиски). Посетено на 2021-02-03.
- ↑ „ТВОЈОТ ТИН ИДОЛ: Виктор Апостоловски“. iLike.mk. Посетено на 2021-02-03.
- ↑ „Профил на Виктор Апостоловски“. www.muzichkiregistar.com. Архивирано од изворникот на 2022-01-22. Посетено на 2022-01-22.