Пандо Јанев
Пандо Јанев - Каменов ( 1868 во Ваташа — 1947 во Соединети Американски Држави) — еден од првите дипломирани лекари од Тиквешијата.[1]
Пандо Јанев | ||
Роден | 1868 година Ваташа | |
---|---|---|
Починал | 1947 година Америка | |
Националност | Македонец | |
Сопружник | Марија Бирни |
Животопис
уредиСо образование се стекнал во Ваташа, Кавадарци и Самоков, каде што завршил Протестантска гимназија. Во 1887 година како стипендист на протестанската мисија во Тиквешко заминал на студии во Соединетите Американски Држави, каде што се запишал на Медицинскиот факултет. Медицинскиот факултет со успех го завршил во 1893 година со што станал еден од првите дипломирани лекари од овој крај. Во 1895 година се оженил со Марија Бирни со која останал да живee во Америка. Покрај инсистирањето на неговите родители да се врати во својот роден крај Пандо останал да живее во Америка, каде ѝ што починал во 1947 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 416. ISBN 978-608-4621-04-1.