Пангу
Пангу (П'ан-ку, Пан Гу) — митско суштество, исконски космички џин од кинеската митологија.
Особености
уредиВо историографската традиција и бројните кинески легенди можат да се препознаат многу евхемеризирани богови творци. Како пример може да послужи митот за П'ан-ку. Овој мит ги има сите особености на космогониски мит. На почетокот постоело само едно големо црно јајце. Во тоа јајце бил хаос, измешани јин и јанг, небо и земја. Внатре во тоа јајце се наоѓало првото живо суштество — Пангу. Пангу обично е претставен како џуџе облечено во кожа од мечка или престилка направена од лисја, често е претставен со два рога, а во рацете држел чекан и длето.
Митот за Пангу
уредиБидејќи се плашел дека небото и земјата повторно ќе се спојат, го држел небото со рацете и ја потпирал земјата со нозете. Пангу секој ден растел толку колку што земјата ќе се одвоела од небото. Се вели дека кога јајцето во кое било пукнало, тој го издлабил светот од хаос и му биле потребни осумнаесет илјади години да ја заврши таа работа. На крајот умрел за да му вдахне живот на тој свој дел. Од неговата глава се издигнале планини, од неговиот здив настанале ветер и облаци, од гласот — гром, од неговите екстремитети — четирите страни на светот, од неговата крв настанале реки, од неговото месо настанало тлото, од неговата брада — соѕвездија, од кожата и влакната, растенијата и дрвјата, од забите, коските и сржта — металите и скапоцените камења, од неговата пот дожд и од неговите болви и вошки — биле создадени луѓе.[1] Суштината на овој мит го објаснува Создавањето како жртва на исконско битие. Сепак, може да се тврди дека ова е доцен мит, дека не е од кинеско потекло и што е најважно, дека играл мала улога во кинескиот интелектуален живот. Раскажана е како бајка, а не како свет настан, и за разлика од другите митови, нема формативно влијание врз духот на времето. Тоа бил мит што не бил обновен. Други информации велат дека Пангу ги создал луѓето многу пред неговата смрт, а решил да умре дури откако ги научил на сè што знаел. И всушност, дали умрел или се изгубил, никогаш не се открило.
Треба да се спомене и дека Пангу секогаш со себе ги водел своите четворица помошници: феникс, еднорог, желка и змеј. Денес тие ги претставуваат светите животни на Кина, кои, според кинеското верување, продолжиле да функционираат и покрај смртта или исчезнувањето на Пан-ку.
Наводи
уреди- ↑ The Ultimate Encyclopedia of Mythology, Arthur Cotterrell, Rachel Storm, 1999